fbpx

Швајцарската полиција ги запленила компјутерските податоци во седиштето на ФИФА

-

Светската фудбалска организација ФИФА им ги предала компјутерските податоци на швајцарските власти, кои водат истрага за доделувањето на организацијата на светските првенства во 2018 и во 2022 година, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на свои извори.

Податоците биле запленети од канцеларии во седиштетот на ФИФА во Цирих, меѓу кои, како што пренесува „Би-Би-Си“, и таа на претседателот на организацијата, Сеп Блатер.

Швајцарската полиција минатиот месец соопшти дека истражува како била доделена организацијата на споменатите престојни првенства.

Федералното истражно биро (ФБИ) на САД, исто така, спроведува истрага поради сомневања за корупција во ФИФА, во која досега се обвинети 14 лица, од кои деветмина се актуелни и поранешни функционери на фудбалската организација.

Според „Би-Би-Си“, на швајцарската полиција наводно ѝ биле предадени и компјутерските податоци од кабинетите на генералниот секретар на ФИФА, Џером Валке, и шефот за финансии на организацијата, Маркус Катнер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...