fbpx

Заев-Која: Сите учесници да преземат одговорност за кристално чисти избори

-

Партиска делегација на СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев, денеска се сретнала со делегација на ОБСЕ предводена од шефот на мисијата во земјава, амбасадорот Клеменс Која, информираат од партијата.

На средбата се разговарало околу повеќе актуелни теми, со фокус на претседателските избори. Заеднички било заклучено дека на претстојните претседателски избори сите учесници треба да покажат демократска зрелост и одговорност пред државата, за граѓаните слободно да го искористат своето правото на глас, а изборите да бидат фер и регуларни.

– Успех за нас ќе бидат кристално чисти фер и демократски избори. Како владејачка партија се обврзуваме на тоа и очекуваме од сите учесници да бидат одговорни. Се надеваме дека опозицијата нема да се обиде да ја закочи иднината на државата, ќе преземе одговороност и нема да го блокира вториот круг. Успешни избори отвораат голем простор реформите да продолжат, Република Северна Македонија да направи нов исчекор кон интеграцијата во ЕУ. Тоа е од интерес на сите наши граѓани – изјавил Заев.

Мисијата на ОБСЕ е веќе активно вклучена, набљудувачите од ОБСЕ/ОДИХР внимателно ги следат процесите активностите пред и за време на кампањата, работата на институциите. Како дел од набљудувањето, ОБСЕ/ОДИХР исто такаќе го следи и известувањето на медиумите за време на кампањата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...