fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: МВР лажеше дека апсело терористи за да ги покрие скандалите

-

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ порача дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и СДСМ се срам за Македонија и го нарушуваат нејзиниот углед со лаги и манипулации, бидејќи вчера излажале дека МВР уапсила седуммина македонски државјани што се бореле со терористите во Сирија, а всушност станувало збор само за преземање на уапсените.

„За да ги покрие скандалите, злоупотребите и криминалите во кои се фатени пријателите на Заев, вчера повторно беше злоупотребено МВР за да се дезинформира јавноста со измислена голема полициска акција против терористи и радикали. Вистината е дека МВР лажеше!“, порача ВМРО-ДПМНЕ, тврдејќи дека поради лагата Спасовски вчера се криел, а МВР не давало дополнителни информации кога и каде биле приведени радикалите.

Опозициската партија посочува дека станува збор само за репатријација, односно преземање на скопскиот аеродром на радикалите уапсени од меѓународната коалиција.

„Вистината ни ја открија денеска нашите партнери од Пентагон кои посочија дека Сириските Демократски Сили до јули заробиле 600 странски платеници од повеќе од 40 земји. Kако што откриваат меѓународните медиуми, македонската полиција вчера немала никаква акција, туку била извршена само репатријација односно преземање на приведените македонски државјани на скопскиот аеродром“, вели партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...