fbpx

Утрово најзагадени се скопските населби Центар и Карпош

-

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање утрово измерија највисоки концентрации на честичките ПМ10 во Центар, односно 159,09 микрограми на еден кубен метар, во Карпош – 149,73 микрограми, Лисиче – 131,09 микрограми и во Гази Баба – 125,87 микрограми на еден кубен метар.

Неодамна, на регионалниот форум на програмата за поддршка на граѓанското општество „Цивика мобилитас“  беше истакнато дека политичките партии треба да понудат програми за заштита на животната средина, а потоа како активност да се спроведат за следните локални избори.

Учесниците на форумот предложија да се направи кратка предлог-политика за заштита на животната средина, која ќе се однесува на загадувањето на воздухот, управувањето со отпадот, урбанистичкото планирање и на спроведувањето акции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...