fbpx

Турција: Девет загинати и 64 повредени во експлозија во Џизре

-

Најмалку девет лица утринава загинаа, а 64 се ранети во експлозија на автомобил-бомба, на чија мета се најде седиштето на полицијата во Џизре, на југоистокот на Турција, соопштија болнички извори.

Турските медиуми јавуваат дека зад нападот стојат припадниците на Работничката партија на Курдистан (ПКК), која во Турција, САД и во ЕУ е на листата на терористички организации.

Телевизиската станица НТВ наведува дека возила на итната помош се наоѓаат на местото на експлозијата, од каде се издигнува огромен облак чад.

Владата во Анкара ја обвини ПКК за серија напади изведени месецов на југоистокот на земјата.
Организацијата презеде одговорност за најмалку еден напад, и тоа на полициска станица.

Џизре се наоѓа во провинцијата Ширнак, која се граничи со Сирија и со Ирак. Во таа област мнозинството жители се Курди.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...