fbpx

Бројот на загинатите во земјотресот во Италија достигна 267 лица

-

Во земјотресот што пред два дена го погоди централниот дел на Италија, според најновите податоци, загинале 267 лица, соопшти денеска италијанската агенција за цивилна заштита.

Во болниците и понатаму има 387 лица повредени во земјотресот.

Директорката на операцијата за цивилна заштита, Имаколата Постиљоне, изјави дека спасувачките напори продолжуваат „во потрага по други лица заробени под урнатините“.

Еден и пол ден помина откако од урнатините е извлечено последното живо лице.

Земјотресот со магнитуда од 6,2 степени според Рихтеровата скала и чиј епицентар бил во слабо населената планинска област на 150 километри североисточно од Рим, делумно уништи три најмали села и до темел урна згради во уште неколку села и гратчиња.

Оттогаш во тој регион се забележани 500 земјотреси, од кои некои биле со интензитет од 5,1 степен според Рихтеровата скала.

Нов земјотрес со магнитуда од 4,8 степени според Рихтеровата скала утринава го погоди централниот дел на земјата, предизвикувајќи нова штета. Пред и по утринскиот земјотрес се регистрирани уште околу 20 потреси.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...