fbpx

Ципрас може да побара нов заем и привремена покуса програма

-

Грчките и италијанските медиуми јавуваат дека премиерот Алексис Ципрас ќе побара еден почетен заем, како што го именуваат „заем-мост“, за да се надминат моменталните критични проблеми во Грција.

Според информациите на дел од грчките медиуми и на италијанската новинска агенција АНСА, Ципрас од европските лидери ќе побара заем во висина од седум милијарди евра, кој би се исплатил што побргу за Грција да може да ги покрие итните потреби и да ги покрие долговите кон меѓународните институции за да избегне банкрот. Овој заем би бил за два месеци и прв чекор, мост, до нова долгорочна програма на мерки и на реформи меѓу Атина и Брисел.

Во белгиската престолнина пред малку почна состанокот на министрите на финансии на ЕУ, на кој, по 11-дневна пауза, првпат ќе се разгледуваат новите грчки идеи и предлози за нова европска финансиска помош за Грција.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас е во трка со времето да го исполни тоа што го вети, односно договор во рок од 48 часа по референдумот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пендаровски го призна поразот на претседателските избори

Досегашниот претседател на државата Стево Пендаровски на прес-конференција изјави дека резултатите од претседателските се јасни и дека нема намера да ги објаснува, а додаде и дека „неговата совест е...