!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Такси влета во колона во која бил Рама, повредени се три лица


       
Тирана, 27 ноември, 2017 - 17:01 (META) 

Две возила од придружбата на албанскиот премиер Еди Рама учествувале во сообраќајна несреќа на патот кон Корча, при што три лица се повредени.

Како што јавуваат албанските медиуми, густата магла веројатно е причина за сообраќајната несреќа.

Рама од Тирана одел за Корча, каде треба да се одржи заедничката седница на албанската и на косовската влада.

Тројцата повредени се префрлени во болница веднаш по судирот на таксито, кое веројатно поради густата магла влетало во колоната возила во која се наоѓал и албанскиот премиер Рама.

Повредените не се во животна опасност, а во несреќата се оштетени четири возила, вклучувајќи и две возила од придружбата на Рама.