fbpx
Таг: ПМ-10 честички

таг: ПМ-10 честички

Скопјани во декември се изнадишаа позагаден воздух во споредба со 2022 [инфографик]

Скопје го одбележа екстремно загаден воздух на крајот на 2023 година, а податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат дека квалитетот на воздухот во декември 2023 бил полош во споредба со истиот месец од 2022 година. Како и во сиот изминат период, квалитетот на воздухот минатиот месец бил најзагрижувачки на мерната станица...

МЖССП: Прекинат прагот на алармирање поради аерозагадувањето во Скопје и Струмица

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска информираше дека се прекинуваат мерките и препораките за заштита од аерозагадување при надминат праг на алармирање. Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 04.01.2024, среднодневните концентрации на ПМ-10 честички биле под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за ПМ-10 честички...

Скопје конечно под прагот на алармирање поради нечистиот воздух

Скопјани вчера за првпат по повеќе од една недела дишеле концентрации на ПМ-10 честички во воздухот што биле под 150 микрограми на метар кубен. Квалитетот на воздухот на сите мерни станици бил под прагот на алармирање, покажуваат податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на квалитетот на воздухот на Министерството за животна средина. Прагот на алармирање во Скопје беше вклучен...

Скопските граѓани се разбудија со предновогодишно загадување

Скопјани утрово се разбудија на добро позната зимска глетка - градскиот пејзаж под „сможна“ прекривка. Нивото на концентрација на честички кои загадуваат повторно беше исклучително високо и над безбедните граници. Според вчерашните мерења на концентрацијата на ПМ-10 честички, односно честички со дијаметар помал од 10 микрометри, на мерната станица Лисиче биле забележани 224 микрограми ПМ-10 честички на метар кубен. Тоа...

Магла, чемер и јад во Скопје – Новогодишните празници ќе ги дочекаме со смог

Доколку сè уште не сте купиле новогодишен поклон за најблиските, еден од подароците што сигурно ќе ги израдува славениците се маски против аерозагадување. За оние граѓани кои ќе останат во Скопје за продолжениот викенд што следи, рано предупредување утрово пристигна од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) дека денес и во следните денови по котлините ќе има појава на магла...

И денес енормно загадување на воздухот во Скопје, да се почитуваат мерките

Алармантното аерозагадување во Скопје продолжува и денес, исто како и во изминативе денови. Прагот на алармирање поради многу високите концентрации на ПМ-10 честички е вклучен втор ден, а на сила се препораките и мерките од надлежните институции за заштита од аерозагадувањето. Утрово во 9 часот на мерната станица Лисиче измерени се концентрации од ПМ-10 честички во износ од 152,1 микрограми...

Стапуваат мерки и препораки за заштита од аерозагадувањето во Скопје

Во Скопје е надминат прагот на алармирање поради многу високите концентрации на ПМ-10 честички во воздухот од над 150 микрограми на метар кубен, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање. Концентрациите на ПМ-10 честички се повеќе од четири пати над дозволените максимални концентрации на мерната станица во Лисиче, како и три пати над дозволеното на мерната станица...

Во Струмица не се дише, прагот на алармирање за ПМ-10 честички е надминат

Во Струмица повторно активиран прагот на алармирање за ПМ-10 честичките поради надминувањето на вредноста од 150 микрограми на метар кубен во два последователни дена. Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека вчера концентрациите на ПМ-10 честички во воздухот изнесувале 230,1 микрограми на метар кубен, додека завчера тие изнесувале 188,1 микрограми на метар кубен. Од Министерството за животна...

Четврти ден по ред дишеме смог, дождот не го прочисти воздухот

Високото ниво на загадување на воздухот продолжува низ целата земја. И покрај врнежите од дожд, квалитетот на воздухот што го дишеме и утрово е на незадоволително ниво. Во Струмица и Кичево и понатаму на сила се препораките и мерките против аерозагадувањето поради надминатиот праг на алармирање поради присуство на ПМ-10 честички во воздухот од над 150 микрограми на метар...

Скопје се гуши во смог: Во Гази Баба, Лисиче и Центар измерени ПМ-10 честички и до четири пати над дозволеното

Концентрациите на загадувачки супстанци во воздухот во Скопје го вклучија алармот од високо аерозагадување. Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух на Министерството за животна средина информира дека е надминат прагот на информирање кај ПМ-10 честичките на мерните места во Скопје - Центар, Гази Баба, Ѓорче Петров, како и во Тетово, Прилеп и Кавадарци. Утрово стигна соопштение...

Скопје се разбуди во магла и со високо ниво на аерозагадување

Главниот град утрово се разбуди во магла, а граѓаните се соочени со високо ниво на аерозагадување. Најзагаден воздух утрово во Скопје се дише во центарот на градот, каде мерната станица во 10 часот утрово измерила многу високо ниво на загадување - концентрации на ПМ-10 честички од дури 189,51 микрограми на метар кубен. Инаку, дозволената концентрација во воздухот на овие...

Скопје утрово на листата на 10-те најзагадени градови во светот

Воздухот во Скопје утрово е нездрав. Македонскиот главен град утрово се наоѓа на листата на 10-те најзагадени градови во светот, според рангирањето направено од IQ Air. Податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитетот на воздухот на Министерството за животна средина покажуваат дека присуството на ПМ-10 честички во воздухот е над максимално дозволената среднодневна концентрација од 50 микрограми на...

За Центар и Карпош есенва нема податоци за загадениот воздух со ПМ-2.5 честички [инфографик]

Есенва немаме податоци за присуството на опасните ПМ-2.5 честички за централните скопски општини Центар и Карпош. Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух на Министерството за животна средина и просторно планирање не дава целосни податоци за сите загадувачки супстанци за аерозагадувањето во Скопје, а кои го мерат инсталираните мерни станици. И покрај ова, достапните податоци покажуваат дека скопјани...

Скопскиот воздух во јануари: Центар опасно му се приближува на рекордерот Лисиче во аерозагадувањето [инфографик]

Чистиот воздух бил мислена именка за Скопје и во изминатиов јануари. Измерените податоци за квалитетот на воздухот покажуваат голем број на денови во кои се надминати дозволените среднодневни вредности на ПМ-2.5 и ПМ-10 честички во воздухот. Споредено со јануари 2022 година, годинава имало нешто помал број на денови кога било надминато максималното дозволено загадување од 50 микрограми ПМ-10 на...

Во Скопје минатиот месец се изнадишавме поопасен воздух во однос на декември 2021 [инфографик]

Наместо да има подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје, со текот на времето бележиме поопасен воздух што го дишеме. Главниот град во текот на минатиот месец дишеше поопасен воздух во споредба со декември 2021 година, со поголем број на денови кога се надминати дозволените среднодневни концентрации на ПМ-10 и ПМ-2.5 честички во воздухот, покажуваат резултатите од мерењата на...

Тетово: Негрижата на институциите ќе ги поттикне активистите да се активираат за чист воздух

Новата 2023 година за Тетово започна со еден стар проблем - нивото на загадување на воздухот го надмина прагот на алармирање уште во првите денови. Евидентираниот просек на ПМ-10 честички од 1 до 7 јануари изнесува 133,45 μg/m3 што е над дозволената количина. Просечната среднодневна вредност на ПМ-10 честичките не треба да надмине 50 микрограми за метар кубен, и...

МЖСПП: Надминат прагот на алармирање во Битола, прекинат во Кичево и Гостивар

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска информираше дека прагот на алармирање за присуство на ПМ-10 честички во воздухот е надминат во Битола на мерното место Битола 2, а во исто време прагот на алармирање е прекинат во Кичево и Гостивар. „Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции...

И денеска високо загадување на воздухот, Скопје 10-ти најзагаден град во светот

Веќе неколку дена по ред, Скопје се наоѓа на листата на 10-те најзагадени градови во светот. Со US AQI индекс на квалитет на воздухот од 170, македонскиот главен град претпладнево се најде на 10-тата позиција на најзагадени градови. Црвениот аларм за нездрав воздух веќе неколку дена е вклучен на веб-страницата IQAir. Претпладнево во Скопје загрижувачко загадување има на речиси сите...

МЖССП: Надминат е прагот на алармирање во Тетово поради аерозагадувањето

Освен за Скопје и Струмица, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖССП) денеска информираше дека е надминат прагот на алармирање и за Тетово поради загадувањето на воздухот со ПМ-10 честички. Прагот на алармирање за Тетово е активиран откако два дена по ред била надмината вредноста од 150 микрограми на метар кубен на суспендираните честички со големина до 10...

Скопје и денеска е европски град со најзагаден воздух и меѓу петте најзагадени во светот

Македонскиот главен град денеска е на петтата позиција на листата најзагадени градови во светот и е најзагаден во Европа. Спред податоците на IQ Air, индексот на квалитетот на воздухот US AQI за Скопје е 183 со што градот останува во црвената зона на места каде воздухот е нездрав. Во текот на вчерашниот ден Скопје се најде на деветтата позиција на...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...