fbpx

Скопје утрово на листата на 10-те најзагадени градови во светот

Во однос на суспендираните ПМ-2.5 честички, утрово не можат да се осознаат податоци за концентрациите на овие опасни честички во воздухот во Скопје, бидејќи мониторинг станиците на Министерството за животна средина не даваат податоци за локациите Центар, Карпош, Лисиче и Ректорат

-

Воздухот во Скопје утрово е нездрав. Македонскиот главен град утрово се наоѓа на листата на 10-те најзагадени градови во светот, според рангирањето направено од IQ Air. Податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитетот на воздухот на Министерството за животна средина покажуваат дека присуството на ПМ-10 честички во воздухот е над максимално дозволената среднодневна концентрација од 50 микрограми на метар кубен.

Во однос на суспендираните ПМ-2.5 честички, утрово не можат да се осознаат податоци за концентрациите на овие опасни честички во воздухот во Скопје, бидејќи мониторинг станиците на Министерството за животна средина не даваат податоци за локациите Центар, Карпош, Лисиче и Ректорат. Мета.мк веќе пишуваше дека овој проблем се провлекува веќе подолг период наназад есенва.

За Центар и Карпош есенва нема податоци за загадениот воздух со ПМ-2.5 честички [инфографик]

Според IQAir, индексот на аерозагадување US AQI во Скопје утрово е 158, а воздухот е означен како нездрав. Присуството на ПМ-2.5 честички во воздухот е 69,6 микрограми на метар кубен, а за потсетување, максимално дозволените концентрации на овие опасни честички не треба да надминува 25 микрограми на метар кубен, што е максимално дозволената среднодневна гранична вредност.

Според последните мерења од мониторинг станиците на Министерството за животна средина и просторно планирање, утрово во 8 часот во Центар се измерени 143,51 микрограми на метар кубен како присуство на ПМ-10 честички. Загадувањето е високо и во Карпош, каде утрово концентрациите на ПМ-10 честичките изнесувале 105,75 микрограми на метар кубен.

Во Македонија утрово имало и повисоки нивоа на загадување на воздухот со ПМ-10 честички. Па така, во Прилеп утрово во 8 часот е измерено присуство на 156,28 микрограми на метар кубен концентрации на ПМ-10 честички. Многу високо загадување на воздухот е регистрирано и во Струмица, каде што се регистрирани 111,3 микрограми на метар кубен.

Во однос на рангирањето на IQAir, треба да се напомене дека на оваа листа за загаденост на воздухот се наоѓаат единствено поголемите градови во светот. Во европски рамки, рекордер по загаденост во воздухот е Сараево со индекс на загаденост 235, што претставува највисоко ниво на аерозагадување и во светски рамки.

Инаку, временската прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) не е оптимистична во делот на аерозагадувањето во наредните денови. За Скопје за денеска е прогнозирано сончево време со слаба магла. И утре во Скопје и земјава ќе биде сончево време, но метеоролозите не прогнозираат ветер или врнежи. Засилување на ветерот се очекува од четврток.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...