fbpx

Скопје конечно под прагот на алармирање поради нечистиот воздух

Прагот на алармирање во Скопје беше вклучен на 27 декември, кога стапија на сила мерки и препораки за заштита од аерозагадувањето

-

Скопјани вчера за првпат по повеќе од една недела дишеле концентрации на ПМ-10 честички во воздухот што биле под 150 микрограми на метар кубен. Квалитетот на воздухот на сите мерни станици бил под прагот на алармирање, покажуваат податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на квалитетот на воздухот на Министерството за животна средина. Прагот на алармирање во Скопје беше вклучен на 27 декември, кога стапија на сила мерки и препораки за заштита од аерозагадувањето.

За потсетување, дозволената среднодневна концентрација на ПМ-10 честички изнесува 50 микрограми на метар кубен. Вчера на мерната станица Лисиче биле измерени 131,1 микрограми на метар кубен ПМ-10 честички, додека кај Ректорат биле измерени дневни концентрации од 117,3 микрограми на метар кубен. На 3 јануари на мерната станица во Карпош било измерено среднодневно загадување од 100,8 микрограми на метар кубен ПМ-10 честички.

И утрово во Скопје воздухот е средно до високо загаден со ПМ-10 честички, покажуваат податоците од Државниот автоматски мониторинг систем. Во Центар во 9 часот се дишел најзагаден воздух со ПМ-10 честички – 91,16 микрограми на метар кубен, во Карпош концентрациите на оваа загадувачка супстанца биле 73,4 микрограми на метар кубен, додека во Лисиче во 9 часот се измерени концентрации на ПМ-10 од 59 микрограми на метар кубен. Високи концентрации на ПМ-10 честички утрово се регистрирани во Берово – 107 микрограми на метар кубен.

Кај ПМ-2.5 честичките, највисоко загадување во Скопје од 55,1 микрограми на метар кубен утрово е регистрирано на мерната станица во Ѓорче Петров. Во Гази Баба концентрациите на овие опасни честички во воздухот изнесувале 43,7 микрограми на метар кубен. Треба да се посочи дека максимално дозволените среднодневни концентрации на ПМ-2.5 честичките во воздухот се 25 микрограми на метар кубен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...