fbpx

МЖССП: Прекинат прагот на алармирање поради аерозагадувањето во Скопје и Струмица

Според измерените вредности во текот на вчерашниот ден, на сите мерни станици во Скопје дневните концентрации на ПМ-10 честички биле под 100 микрограми на метар кубен

-

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска информираше дека се прекинуваат мерките и препораките за заштита од аерозагадување при надминат праг на алармирање. Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 04.01.2024, среднодневните концентрации на ПМ-10 честички биле под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за ПМ-10 честички е прекината во Скопје и Струмица.

Според измерените вредности во текот на вчерашниот ден, на сите мерни станици во Скопје дневните концентрации на ПМ-10 честички биле под 100 микрограми на метар кубен. На мерната станица во Миладиновци загадувањето на воздухот со овие честички било и под максимално дозволените среднодневни концентрации на ПМ-10 честички од 50 микрограми на кубен метар.

Утрово најзагаден воздух со ПМ-10 честички се дишело во Струмица, каде во 10 часот се измерени концентрации од 121,6 микрограми на кубен метар. Речиси идентична вредност од 121,2 микрограми на кубен метар се измерени во Берово. И во Прилеп утрово имало високо загадување со ПМ-10, каде се измерени 97,2 микрограми на кубен метар.

Кога станува збор за најопасните честички – ПМ2.5, најзагрижувачка утрово е состојбата во Велес, каде е измерено нивно присуство од дури 117,6 микрограми на кубен метар. Во 10 часот во Струмица се измерени концентрации на ПМ-2.5 од 81,1 микрограми на кубен метар. Загаденоста на воздухот во Тетово со ПМ-2.5 честички утрово била 59 микрограми на кубен метар. Инаку, границата на максимално дозволените среднодневни концентрации на ПМ-2.5 честички во воздухот е 25 микрограми на кубен метар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...