fbpx

Во Струмица не се дише, прагот на алармирање за ПМ-10 честички е надминат

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот од 24 декември, енормно загаден воздух со многу високо ниво на ПМ-10 честички се дишело и на мерните станици во Скопје - Лисиче и Ректорат

-

Во Струмица повторно активиран прагот на алармирање за ПМ-10 честичките поради надминувањето на вредноста од 150 микрограми на метар кубен во два последователни дена. Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека вчера концентрациите на ПМ-10 честички во воздухот изнесувале 230,1 микрограми на метар кубен, додека завчера тие изнесувале 188,1 микрограми на метар кубен.

Од Министерството за животна средина велат дека за Струмица стапуваат на сила препораките сите работодавци да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар. Исто така, работодавците треба да го реорганизираат работното време на лицата кои работат на отворено од 11 до 17 часот.

За да се заштитат граѓаните од енормното загадување на воздухот, во Струмица е препорачано да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, како и да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

Истовремено, македонската влада ги задолжи сите органи на државната управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатија и АД во државна сопственост, како и општините да ја намалат до 50% употребата на службените возила и да обезбедат ограничување на работите на градежните објекти.

Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и општината треба да обезбедат прифатилишта за сместување на  бездомници и да дадат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.

Министерството за здравство треба да ја задолжи Службата за итна медицинска помош да доставува Информација до ИЈЗ за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа до завршување на епизодата и една недела по завршувањето.

Државниот инспекторат за животна средина ќе треба да започне со вршење на зачестена контрола на инсталациите кои што поседуваат А – интегрирана дозвола и да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија, со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните мерки во дозволата по однос на емисиите во воздух.

Министерството за животна средина и просторно планирање ќе подготви и достави препорака до инсталациите коишто поседуваат А – интегрирана дозвола за намалување на капацитетот на производство до 50%, со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија.

Општина Струмица пак е должна да ги спроведе мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени од општинските совети.

Инаку, според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот од 24 декември, енормно загаден воздух со многу високо ниво на ПМ-10 честички се дишело и на мерните станици во Скопје – Лисиче со 175,4 микрограми на метар кубен и Ректорат со 155,2 микрограми на метар кубен. За да се активира прагот на алармирање, неопходно е во два последователни дена да има високо ниво на аерозагадување со ПМ-10 од над 150 микрограми на метар кубен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...