петок, 6 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Државен автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ) | 14 резултати

„Ну, погоди!“, кој треба да преземе мерки против аерозагадувањето?

26 декември 2023

Од централна на локална власт и обратно. Вака деновиве кружат обвинувања меѓу институциите на национално и на локално ниво во однос на тоа кој треба да преземе мерки за справување со високото ниво на загаденост на воздухот во македонските градови. Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во изјава за емисијата „Топ тема“ […]

Во скопски Аеродром втор ден по ред алармантно ниво на аерозагадување

26 декември 2023

Во скопската општина Аеродром, односно на мерната станица Лисиче, веќе втор ден по ред се регистрирани алармантни концентрации на ПМ-10 честички во воздухот. На 25 декември е измерено присуство на ПМ-10 од 211,2 микрограми на метар кубен, додека завчера на истата локација имало дневни концентрации од 175,4 микрограми на метар кубен од оваа загадувачка супстанца. […]

Во Струмица не се дише, прагот на алармирање за ПМ-10 честички е надминат

25 декември 2023

Во Струмица повторно активиран прагот на алармирање за ПМ-10 честичките поради надминувањето на вредноста од 150 микрограми на метар кубен во два последователни дена. Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека вчера концентрациите на ПМ-10 честички во воздухот изнесувале 230,1 микрограми на метар кубен, додека завчера тие изнесувале 188,1 микрограми на метар […]

Четврти ден по ред дишеме смог, дождот не го прочисти воздухот

22 декември 2023

Високото ниво на загадување на воздухот продолжува низ целата земја. И покрај врнежите од дожд, квалитетот на воздухот што го дишеме и утрово е на незадоволително ниво. Во Струмица и Кичево и понатаму на сила се препораките и мерките против аерозагадувањето поради надминатиот праг на алармирање поради присуство на ПМ-10 честички во воздухот од над […]

Скопје се гуши во смог: Во Гази Баба, Лисиче и Центар измерени ПМ-10 честички и до четири пати над дозволеното

21 декември 2023

Концентрациите на загадувачки супстанци во воздухот во Скопје го вклучија алармот од високо аерозагадување. Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух на Министерството за животна средина информира дека е надминат прагот на информирање кај ПМ-10 честичките на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Ѓорче Петров, како и во Тетово, Прилеп и […]

Скопје се разбуди во магла и со високо ниво на аерозагадување

20 декември 2023

Главниот град утрово се разбуди во магла, а граѓаните се соочени со високо ниво на аерозагадување. Најзагаден воздух утрово во Скопје се дише во центарот на градот, каде мерната станица во 10 часот утрово измерила многу високо ниво на загадување – концентрации на ПМ-10 честички од дури 189,51 микрограми на метар кубен. Инаку, дозволената концентрација […]

Скопје повторно меѓу најзагадените градови во светот, половина од мерните станици не работат

1 декември 2023

Скопје е повторно меѓу десетте градови со најзагаден воздух во светот. Вредностите на ПМ 10 честичките денеска, според страницата IQAir, се оценети со 153 на скалата на AQI индексот за квалитет на воздухот, според кој вредностите од 150 до 200 се сметаат за нездрави за целата популација. Препораките во вакви случаи се задолжително да се […]

„Сезоната“ на отровен воздух започна, Скопје на осмото место во светот по загаденост

22 ноември 2023

Сите мерни места во Скопје на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ) покажуваат високо загадување на воздухот со ПМ10 и ПМ 2,5 честички. Во последните 24 часа сите измерени вредности ја надминуваат границата на 50 микрометри на кубен метар, што за првпат есенва го искачи Скопје на осмото место на најзагадените […]

МЖССП: Податоци за аерозагадувањето не се прикажуваат поради инсталација на нова опрема

23 декември 2022

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖССП) информира дека сите мерни станици од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух се во функција, но повремено податоците од одредени мерни места не се достапни. „Имено заради застареност на серверска опрема што во изминатите месеци предизвикуваше повремени падови на системите, Министерството за животна средина и […]

Воздухот во Скопје енормно загаден, Министерството за животна средина трет ден не објавува податоци

23 декември 2022

Магливо време и енормно загадување на воздухот во Скопје има веќе трет ден по ред, а Државниот автоматски мониторинг систем за загадувањето со ПМ-10 честички има последни податоци само за 20 декември. Во меѓувреме, на светската мапа на аерозагадување Скопје се наоѓа на петтата позиција, заедно со Лахоре, Њу Делхи, Сараево и Мумбаи. На специјализираната […]

Страна 1 од 1