fbpx

Цариниците заплениле оружје и муниција на Блаце

„Секторот за контрола и истраги во континуитет спроведува мерки за спречување на пролиферација на оружје, негови делови и муниција“, велат во Царинска управа

-

Мобилен тим на Секторот за контрола и истраги, запленил пиштол и муниција при детална контрола на возило управувано од косовски државјанин на влез во државата на граничен премин Блаце.

„Пиштолот CZ Shadow 2 и една рамка со 15 куршуми со калибар 9 мм, се откриени во кожната чантичка на возачот којашто била скриена под совозачкото седиште, а во возилото се пронајдени и 5 чаури со калибар 9 мм. Пиштолот и муницијата се одземени, а против лицето е поднесена кривична пријава“, соопштуваат од Царина.

Оттаму информираат дека секторот за контрола и истраги во континуитет спроведува мерки за спречување на пролиферација на оружје, негови делови и муниција.

„Во оваа насока донесена е стратегија иаАкционен план за 2023-2024, во чии рамки се спроведуваат мерки и активности чија цел е ефикасно превенирање, идентификација, следење и сузбивање на недозволена трговија со оружје, а преку поголеми контроли, следење на состојбите, водење финансиски истраги, обезбедување докази и преземање на посебни истражни мерки се со цел сузбивање на криминалот поврзан со огнено оружјe“, додаваат во Царинската управа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Утре се прегласува на седум избирачки места

По парламентарните избори на 8 мај, утре се спроведува прегласување на седум избирачки места во рамките на петтата и на шестата изборна единица. Се прегласува на избирачките места во...