fbpx

Украина денеска за првпат го одбележува Божиќ на 25 декември

Претседателот на Украина Володомир Зеленски вели оти целта е да се „напушти руската традиција“ на прославувањето на Божиќ според јулијанскиот календар, а не грегоријанскиот кој се користи во секојдневието

-

Украина денеска првпат го слави Божиќ на 25 декември, според грегоријанскиот календар, откако во јули претседателот на Украина Володомир Зеленски го промени датумот на државниот празник, известува Би-би-си. Целта е да се „напушти руската традиција“ на одбележувањето на празникот во јануари, односно следењето на јулијанскиот календар.

„Сите заедно го славиме Божиќ. На ист датум, како едно големо семејство, како еден народ, како една обединета земја. Денес нашата заедничка молитва ќе биде посилна од кога било и ќе одекнува без временска разлика од две недели. Ќе резонира заедно со Европа и светот“, изјави украинскиот претседател.

Украинската новинска агенција Укринформ известува дека веќе се рашириле про-руски дезинформации, во кои се тврди дека во градинка во Украина имало плакат на кој се споредувал „намуртениот, советски“ Дедо Мраз и „западниот, насмеан“ Санта Клаус. Инаку, оваа слика е лажирана.

Фото: Укринформ

Украинската православна црква се одвои од руската поради руската анексија на Крим како и нивната поддршка за руски екстремисти во истокот на Украина. Новата црква ја одржа својата прва литургија во 2019 година и ја прифати промената на датумот за Божиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во Изборна единица 3 на претстојните избори Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот...