fbpx

МЖССП: Надминат е прагот на алармирање во Тетово поради аерозагадувањето

-

Освен за Скопје и Струмица, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖССП) денеска информираше дека е надминат прагот на алармирање и за Тетово поради загадувањето на воздухот со ПМ-10 честички. Прагот на алармирање за Тетово е активиран откако два дена по ред била надмината вредноста од 150 микрограми на метар кубен на суспендираните честички со големина до 10 микрометри, но и по добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Тетово завчера присуството на ПМ-10 честички во воздухот изнесувало 168,1 микрограми на метар кубен, додека среднодневната концентрација на ПМ-10 честички вчера била 151 микрограми на метар кубен.

„Од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до  општина Тетово за епизодата на алармантно загадување на воздухот. Согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, за град Тетово стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање“, стои во соопштението на МЖССП.

Инаку, согласно податоците од Државниот миниторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух за вчерашниот ден, среднодневните концентрации на ПМ-10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Гостивар, Кичево и Кавадарци. За овие градови денеска престанаа да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање, информираа од МЖССП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...