fbpx
Таг: мерки

таг: мерки

„Тројката“ повторно во Атина

Претставниците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и на европските институции се вратија во Атина и од изутринава веќе ги чешлаат државните институции со барања за спроведување реформи за подобра функционалност на државата и за намалување на државните трошоци. Под силно полициско присуство, 45 функционери и чиновници на пониско ниво се среќаваат со нивните колеги за да дојде до усогласување на...

Грција очекува зелено светло за преодна помош од 7 милијарди евра

По усвојувањето на новиот пакет мерки, Грција од утре ќе очекува зелено светло за преодна програма од 7 милијарди евра, која ќе помогне за справување со итните финансиски проблеми. Преодната програма ќе дојде од Европскиот механизам за помош и ќе помогне државата да се врати на нозе додека се финализираат работите за новиот договор и пакет мерки. Помошта се очекува официјално да...

Ципрас до пратениците на СИРИЗА: Или сме заедно или паѓа владата

Премиерот Алексис Ципрас побара поддршка од пратеничката група на СИРИЗА со ултиматум дека ако нема поддршка, нема веќе ни да има влада на левицата. „Или сите ќе бидеме заедно, или паѓа владата на левицата“, истакнал Ципрас на дискусијата на парламентарната група пред почетокот на расправата за гласањето на новиот пакет мерки, на кои се противат десетици пратеници на СИРИЗА. Гласањето на мерките...

Грција меѓу протести и парламентарно гласање за мерките

Пред и во грчкиот парламент, денеска ќе се водат вистински борби за новиот строг пакет мерки што грчката влада го договори со европските кредитори. Грчките пратеници денеска треба да го изгласаат пакетот мерки за тој да добие прво зелено светло во ЕУ и да почне да се гласа и по останатите европски парламенти за да се спроведе. Паралелно со расправата, Грците...

Теодоракис ќе го поддржи Ципрас

Партијата Река ќе застане зад премиерот Алексис Ципрас и ќе гласа за мерките во собранието. Првиот човек на партијата, Ставрос Теодоракис, истакна дека партијата нема да биде класична опозиција, туку ќе покаже одговорност како што ѝ доликува и ќе го поддржи пакетот што им е ветен на европските кредитори од премиерот Ципрас. Теодоракис упати апел до сите пратеници да разберат дека мора да...

Каменос: Продолжуваме да ја поддржуваме владата на Ципрас

Коалицискиот партнер на Алексис Ципрас, Панос Каменос и Независни Грци, ќе продолжат да ја поддржуваат владата. Каменос најави дека ќе гласаат за мерките, но само за тие што беа договорени на лидерската средба меѓу СИРИЗА, Независни Грци, ПАСОК, Река и Нова демократија. Според него, европските кредитори се обидуваат преку договорот да ја срушат грчката влада и Независни Грци нема да дозволат...

Дел од СИРИЗА бара Ципрас да го откаже договорот со ЕУ

Министерот за енергија, Панајотис Лафазанис, бара премиерот Алексис Ципрас да го повлече договорот со кредиторите пред да се донесат конечни одлуки во парламентот. Лафазанис, кој од самиот почеток е остар противник на барањата и на предлозите на европските институции и ги смета мерките за понижувачки, во пишана одлука коментира дека договорот е неприфатлив и оди против народната волја и наредба...

Новиот заем за Грција ќе тежи околу 86 милијарди евра

Новиот заем за Грција ќе тежи од 82 до 86 милијарди евра, кои ќе ја загарантираат финансиската стабилност на државата во следните три години. Дел од помошта, односно 35 милијарди, ќе се искористат како развоен пакет за да се поттикне економски развој во државата. Пакетот опфаќа бројни мерки и реформи што ќе го зафатат секој сектор од државата за подобра функционалност, движење...

Оланд: Грција ќе остане во еврозоната

Грција ќе остане членка на еврозоната и со побараните драстични реформи и заштеди, од ЕУ ќе добие поддршка од 80 милијарди евра за да може да ги заздрави економијата и државата, за на крај да може да го отплати долгот од 250 милијарди евра. Ова го изјави францускиот претседател Франсоа Оланд, по состанокот на шефовите на држави и на влади на...

Ципрас: Договорот е тежок, но избегнато е најлошото сценарио за Грција

Грчкиот премиер Алексис Ципрас се враќа во Грција со обврска до среда грчкиот парламент да изгласа цела листа услови и приоритетни акции кои се договорени на 17-часовните преговори за нова грчка помош во Брисел. Планот Б за грчко исклучување од еврозоната е избегнат, но за Грција да продолжи кон преговорите и исплаќањето на новата помош, како и враќање на довербата...

Ципрас доби зелено светло од собранието, но црвен картон од пратениците на СИРИЗА

Грчкото собрание застана зад пакетот мерки и му даде зелено светло на премиерот Алексис Ципрас да ги продолжи преговорите за постигнување договор со кредиторите. Ципрас и пакетот реформи добија поддршка од 250, против беа 32, а воздржани, а присутни беа осум пратеници. Со ова европските кредитори покрај пакетот мерки имаат потврда дека мнозинството грчки партии застануваат силно и одлучено зад мерките,...

Пакетот на Ципрас чека одобрување од парламентот

Грчкиот парламент денеска ќе гласа за новиот пакет мерки и реформи што владата на Алексис Ципрас ги поднесе до европските кредитори. Се работи за пакет идеи, реформи, мерки со кои Грција бара нов заем во висина од 53, 5 милијарди евра за следните три години, поконкретно од 1 јули годинава до 30 јуни 2018 година, со кои ќе се осигураат нејзините...

Грција нема да го пропушти рокот на ЕУ

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, по вчерашниот самит во Брисел, се упати кон Стразбур, каде се обрати пред Европскиот парламент и го образложи ставот на неговата земја. Ципрас порача дека неговата држава станала „лабораторија за мерките за штедење“. - Планот за спас е на сила пет години. Во ниту една друга земја програмата за штедење не траела толку долго - потсети тој. Ципрас побара...

Шефот на белгиската дипломатија со поддршка за македонско-грчкиот дијалог

Македонија и грчко-македонските односи се најдоа на агендата на министерот за надворешни работи, Никос Коѕиас, среде грчката референдумска и финансиска паника. Коѕиас за билатералните односи и за иницијативата за потпишување мерки за градење на довербата, денеска го информираше белгискиот вицепремиер и министер за надворешни и европски прашања, Дидие Рејндерс. Покрај грчката криза и бројните меѓународни прашања, двајцата министри разговарале за...

Коѕиас најави пакет од три чекори за решавање на спорот за името

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, во вечерашното интервју за телевизија „Телма“, најави дека Грција во блиска иднина ќе предложи пакет од три чекори за решавање на спорот за името. - Ќе преговараме во три чекори. Најпрвин тука се мерките за изградба на доверба, кои веќе ги имаме. Второто ќе биде за методологијата околу преговорите за името, а третата фаза ќе...

Ципрас: Нема да ја закопаме европската демократија во местото каде е родена

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ги обвини европските институции за следење сопствени политички цели и агенда против Грција со обидите за воведување нови строги мерки за штедење кои одново ќе го стегнат финансискиот ремен на Грција. По синоќешното фијаско во Брисел и ненадејното заминување на грчките претставници од преговарачката маса, по обидот да се наметнат мерки за намалување на пензиите и за пораст на...

ЕУ со негативни реакции за новите грчки предлози

Грција преживува нови моменти на неизвесност со шпекулациите дека европските партнери не ги гледаат новите грчки предлози за реформи како конструктивни и одржливи. Владата на Алексис Ципрас вчера достави нова листа предлози до европските институции, како дополнување на претходните. Светските медиуми јавуваат дека првите неофицијални реакции од Европската комисија за листата не се воопшто позитивни, со што почнува нов...

Незири: Не стигнале предлог-мерките на Коморите за излез од кризата

Министерот за економија, Беким Незири, истакна дека предлозите на коморите за излез од кризата и како државата да ѝ помогне на домашната економија, сè уште не стигнале до Mинистерството за економија. - Министерството за економија е отворено за стопанскиот сектор и сите сугестии и предлози што ќе ги добиеме, ќе ги разгледаме и ќе ги проследиме на владина седница. Досега, до...

Стопанските комори предупредуваат: Ако не се реши кризата, одиме кон банкрот

Ако трошите и не додавате, ако нема инвестиции и ново производство, нема можност за кредити и извори на финансирање, тогаш не е исклучено ништо, ниту банкрот. На ова денеска предупредија првите луѓе на Стопанска комора на Северозападна Македонија, Стопанска комора, Сојузот на стопански комори, Бугарско-македонската комора, Турската комора, Сојузот на израелски компании. Нивниот заеднички став и порака е што побргу...

Економските најави на Заев се ОК, но недостигаат детали

На собирот „Граѓаните за Македонија“, лидерот на опозицијата, Зоран Заев, меѓу другото зборуваше и за клучните начела врз кои ќе се потпираат и градат политиките на Социјалдемократскиот сојуз. Во однос на економијата, спомена фер распределбата на доходот и на државните добра по сите основи, даноци прилагодени според примањата на граѓаните, висината на казните ќе биде условена од приходите и друго. Економскиот...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...