fbpx

Грција нема да го пропушти рокот на ЕУ

-

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, по вчерашниот самит во Брисел, се упати кон Стразбур, каде се обрати пред Европскиот парламент и го образложи ставот на неговата земја.
Ципрас порача дека неговата држава станала „лабораторија за мерките за штедење“.

– Планот за спас е на сила пет години. Во ниту една друга земја програмата за штедење не траела толку долго – потсети тој.

Ципрас побара одржлива и трајна промена. Предлозите на Грција инсиситираат на креирање работни места, намалување на невработеноста, поддршка за претпријатијата, стимулирање на трговијата и на размените и враќање на економскиот пораст. Тој додаде дека во наредните денови овие предлози ќе бидат поднесени како што налага рокот. Грчкиот премиер додаде дека неговата влада предлага „вистински реформи“ кои ќе им стават крај на клиентелизмот и на корупцијата на претходните влади.

– Сакаме да се бориме со олигархијата и со картелите, со фискалната евазија и со корупцијата, да ја модернизираме државата. Ова се за нас приоритети и очекуваме нашите партнери да ги прифатат и да ги поддржат. Европа се наоѓа на историска раскрсница и потребно е европско решение за овој европски проблем – рече тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...