fbpx

Теодоракис ќе го поддржи Ципрас

-

Партијата Река ќе застане зад премиерот Алексис Ципрас и ќе гласа за мерките во собранието. Првиот човек на партијата, Ставрос Теодоракис, истакна дека партијата нема да биде класична опозиција, туку ќе покаже одговорност како што ѝ доликува и ќе го поддржи пакетот што им е ветен на европските кредитори од премиерот Ципрас.

Теодоракис упати апел до сите пратеници да разберат дека мора да се однесуваат одговорно, а не да го мешаат партискиот со националниот интерес.

Тој истакна дека партијата нема намера да влезе во влада со СИРИЗА, но ќе го поддржи премиерот и договорениот пакет мерки бидејќи државата нема друг избор. Јасно порача дека Ципрас мора да разбере дека се неопходни драстични реформи во секој сектор и крајно време е по гласањето да седне и да размисли со кои политички сили ќе ги спроведе овие реформи.

Првиот човек на Река, по Каменос, е вториот политички лидер што ветува поддршка за изгласување на мерките. Не постои сомнеж дека зад нив ќе застанат и Нова демократија и ПАСОК и ќе бидат изгласани за да не се дозволи нов европски трилер за Грција.

Перипетиите ќе бидат поврзани само со парламентарното јадро на СИРИЗА, од каде има остри реакции против пакетот. Поради ова, сè уште се очекува следниот потег на Ципрас, кој по враќањето од Брисел се нема јавно појавено и изјаснето каква ќе биде иднината на владата, иако од вчера попладне постојано е во консултации со владини членови. Се шушка дека Ципрас, наводно, ќе побара оставка од сите министри кои нема да сакаат да се потпишат на документот за мерките пред тој да оди на гласање, како и дека веќе ја подготвува реконструкцијата на владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...