fbpx
Таг: мерки

таг: мерки

Котевски: Ангажиравме „соодветен број“ полицајци за протестот

„Соодветен број полициски службеници“ ќе бидат ангажирани  од Министреството за внатрешни работи (МВР) за обезбедување и за одржување на редот и на мирот на денешниот голем митинг во Скопје, изјави за „Мета“ помошникот-министер за односи со јавноста на МВР, Иво Котевски. На булеварот Партизански одреди може да се забележи конвој од полициски оклопни возила како се движат кон центарот на градот. Котевски...

Коѕиас и Попоски се сретнаа во Турција

Анталија ги спои шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција. Никола Попоски и Никос Коѕиас денеска се сретнаа на маргините на редовниот министерски состанок на НАТО во Анталија, Турција. Како што информираат од грчкото Министерство за надворешни работи, Коѕиас изразил сочувство во име на грчката влада до семејствата на жртвите во вооружените судири во Куманово. Грчкиот министер изразил и голема...

„Катимерини“: Реакциите на Германија и на САД го најавуваат политичкиот крај на Груевски

Дипломатските реакции на амбасадорите на Германија и на САД во Скопје и барањето оставки од македонската влада не ја оставија рамнодушна Атина. Грчкиот весник „Катимерини“ пренесува дека дипломатски извори во Атина забележале дека овие чекори од дипломатските претставништва на клучни меѓународни играчи ќе го доведат до безизлезна ситуација, како што посочиле, „автократскиот“ премиер Никола Груевски, и со тоа ќе создадат...

Историски чекор: Македонија и Грција ги разменија предлог-мерките за градење доверба

Грција и Македонија размениле предлог-мерки за градење доверба и во моментов тие се разгледуваат во Скопје и во Атина, потврдија за „Мета“ од македонското Министерството за надворешни работи. Иако сè уште не откриваат детали, од нашето МНР велат дека „откако двете страни ќе ги разгледаат предлог-мерките, ќе се изјаснат околу нивната содржина“. - Да, потврдуваме дека сме размениле предлози за мерки...

Коѕиас и Попоски разговарале за мерките за градење доверба

Мерките за градење доверба, енергетската и меѓуграничната соработка биле главна тема на разговор меѓу македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, и неговиот грчки колега, Никос Коѕиас. Коѕиас и Попоски се сретнаа денеска на маргините на состанокот за енергетска соработка на државите од Југоисточна и од Централна Европа. Според соопштението од грчкото Министерство за надворешни работи, двајцата министри имале прв разговор...

Отворени денови на Агенцијата за вработување

Денеска во 10 часот невработените и работодавците од Демир Капија ќе можат да се запознаат со мерките за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ). Активностите на Агенцијата ќе продолжат во Гевгелија во 12 часот, а во Богданци мерките за вработување ќе бидат презентирани во 15 часот. На настаните ќе присуствува директорот на Агенцијата, Влатко Поповски.

СДСМ: Дали Владата го обнови членството во Механизмот за цивилна заштита на ЕУ

Претседателот на Комисијата за локална самоуправа на СДСМ, Дејан Павлески денеска ја обвини владата на Никола Груевски дека покажала целосна негрижа за населението од регионите во државата кои неодмна беа погодени од поплавите, каде што ситуацијата е далеку од нормализирана. Тој посочи дека владата со барањето за пренамена на ИПА фондовите за заштита од поплавите покажала елементарно непознавање на инструментите...

Уште еден охриѓанец под посебни мерки поради семејно насилство

На 34-годишен охриѓанец деновиве му биле изречени мерки забрана за заканување дека ќе стори семејно насилство, забрана за малтретирање и за вознемирување на неговата сопруга, задолжително лекување од алкохолизам и задолжително лекување од психичко заболување, откако минатиот месец под дејство на алкохол ја тепал сопругата. Како што информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, по прифатениот предлог на полицијата и...

Нов масовен протест во Атина за поддршка на владината политика

Нов протест за поддршка на поликата на Алексис Ципрас чука во срцето на Атина. Реки граѓани, гневни на досегашната строга политика за штедење, се излезени на централниот плоштад Синтагма, под грчкиот Парламент, во знак на поддршка на новата влада и на нејзините напори да го олесни грчкиот финансиски товар. Протестите се случуваат паралелно со првите официјални преговори на новата...

Жител на Охридско под заштитни мерки поради семејно насилство

Охридската полиција до Основниот суд во Охрид поднел предлог на А.М. (51) од охридското село Лескоец да му се изречат заштитните мерки отстранување од домот без оглед на сопственоста, забрана за заканување дека ќе стори семејно насилство и задолжително лекување од алкохолизам. Како што информираат од полицијата, предлогот бил поднесен откако А.М., на средината од минатиот месец, во алкохолизирана состојба, ги навредувал...

Мерките за штедење го зголемиле бројот на самоубиства во Грција

Мерките за штедење, кои ѝ беа воведени на Грција во 2011 година поради должничката криза, довеле до зголемување на степенот на самоубиства за една третина. Оваа студија денеска ја објавија група американски и грчки научници во британскиот медицински магазин „БМЈ Опен“. Тие ја следеле месечната статистика за бројот на самоубиства во Грција од 1983 година до 2012 година, поврзани...

„Вила Зора“: Ние се задушуваме, а градските татковци мирно спијат

Загадувањето е алармантно и вакви концентрации на штетни материи во воздухот, медицински кажано, се опасни по живот, велат од еколошкото друштво „Вила Зора“ од Велес. - Mерките на надлежните институции не само што не се ефективни, туку не се ни преземаат. Интересно е што граѓаните буквално се задушуваат во нечист воздух, а надлежните се однесуваат како ништо да не се случува....

Град Скопје: Не проветрувајте за да не дишете отров

Откако неколку дена загаденоста е на многу високо ниво, од Град Скопје издадоа мерки од прв степен поради надминување на граничните вредности за партикуларните честички помали од 10 микрометри (РМ10). Мерките за граѓаните вклучуваат ограничување на движење на отворен простор само на неопходното, да не се користат автомобили без поголема потреба и да се користат средствата за јавен превоз. Тие повикуваат...

Францускиот „Патриот акт“ веќе постои

Додека се множат парламентарните предлози за зајакнување на безбедносните мерки и за давање поголеми овластувања на француските безбедносни служби по масакрот во „Шарли ебдо“, експертите и медиумите во земјата потсетуваат дека лани во ноември Франција донела закон за „воена програмација“, кој овозможува прислушување и следење на комуникациите без судски налог. Овој документ се поистоветува со антитеростичкиот закон на САД, познат...

Координативното тело со нови мерки за најавениот снежен бран

Координативното тело денеска на состанокот во Министерството за транспорт и врски донесе неколку мерки кои се однесуваат на новиот снежен бран, кој во следните два дена ќе ја зафати Македонија. На состанокот е договорено Министерството за внатрешни работи да донесе забрана за движење на тешки товарни возила и на автобуси на патните првци, особено на потегот Гостивар - Охрид доколку...

ГРОМ: Треба да се отвори широка дебата за реформите во образованието

Во услови на крајна поларизација поради најавените промени во високото образование, ГРОМ се залага за дијалог и за здружување на напорите заради подигнување на квалитетот на високото образование, изјави Стевчо Јакимовски, лидерот на ГРОМ, на денешната прес-конференција. - Прв предуслов за ова е отворање на широка дебата, во која покрај претставници на државата како предлагачи на промените, ќе бидат вклучени...

Сите нè трујат, за мерките ќе почекаме

Загадувањето во Скопје измерено во 13 часот изнесува 161,83 микрограми на еден кубен метар, што е за трипати повеќе од дозвелените 50 микрограми. Моментално, според податоците од страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање, стои дека многу високо ниво на ПМ10-честичките е забележано во скопските населби Центар, Гази Баба и на мерната единица Ректорат, како и во општина Тетово....

СДСМ: Власта ги заборави инвестициите на домашните претпријатија

Македонија има најниски инвестиции на приватниот сектор во целиот регион на Југоисточна Европа во периодот 2006-2013 година, а проблемот кај нас е што актуелната власт се обидува да ги поттикне само инвестициите на странски компании, а ги заборави домашните, велат од СДСМ. - На големите странски компании им се даваат огромни даночни олеснувања и директна државна поддршка за инвестиции во...

Владата со пакет мерки за надомест на штетите од болеста син јазик

Владата подготви пакет мерки кои треба да им помогнат на сточарите да ги надоместат штетите од болеста син јазик, од која оваа година угинаа околу 18.000 овци, информираше денеска министерот за земјодество, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков. - Со одлука на Владата, сточарите ќе бидат ослободени од надомест за напасување за 2014 година, а субвенциите ќе им бидат исплатени за сите пријавени...

Србија нема да се откаже од мерките за штедење

Србија нема да се откаже од мерките за штедење бидејќи во спротивен случај бргу би се исправиле пред грчко или аргентинско сценарио, истакна српскиот премиер Александар Вучиќ. - Никогаш не знаете дали една влада може да одговори на незадоволството на народот. Сметам дека првпат направивме сериозен план и програма. Планот и програмата, на кои деноноќно работиме со месеци, беа одобрени...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...