Ципрас: Договорот е тежок, но избегнато е најлошото сценарио за Грција

-

Грчкиот премиер Алексис Ципрас се враќа во Грција со обврска до среда грчкиот парламент да изгласа цела листа услови и приоритетни акции кои се договорени на 17-часовните преговори за нова грчка помош во Брисел.

Планот Б за грчко исклучување од еврозоната е избегнат, но за Грција да продолжи кон преговорите и исплаќањето на новата помош, како и враќање на довербата во неа, ќе биде неопходно до среда да достави целосно изгласани и одобрено приоритетни мерки до Еврогрупата, која ќе продолжи со работа в среда.

Како што најави канцеларката Ангела Меркел, грчкиот парламент до среда мора итно да изгласа мерки и реформи како одобрување за промени во даночниот систем и промена во ДДВ, реформи во пензискиот систем, засилување на независноста на грчката статистичка служба, како и реформи во јавната администрација.

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, по 17-часовните преговори призна дека договорот е тежок, но избегнато е најлошото сценарио за Грција и загарантирана е финансиска помош за државата. Изрази оптимизам дека договорот ќе помогне за државата да се врати на нозе, да се врати во колосек за економски развој, одново да стане атрактивна за инвестиции и, пред сè, финансискиот товар да го симне од плеќите само на посиромашните граѓани и да го распореди еднакво на сите, вклучувајќи ги и оние групи кои досега ги избегнувале обврските.

„Ова е договор чие спроведување ќе биде тешко. Мерките се оние кои се изгласаа во собранието. Имам чувство и надеж дека развојниот пакет од 35 мерки, реструктуирањето на долгот и финансиската помош ќе создадат чувство на пазарот дека „Грексит“ (Grexit) е минато и ова може да креира бран на инвестиции“, истакна Ципрас.

Тој потенцираше дека се надева мнозинството од народот да ги поддржи напорите на владата, која, како што посочи, даде тешка и фер борба до крај, соочена со тешки проблеми и со дилеми.

„Tежината ќе се распредели општествено праведно. Нема да плаќаат само оние кои ја носеа досега цела тежина на плеќи, тежината ќе падне и на сите оние кои успеваа да ја избегнат и најдоа можност да ја избегнат заштитени од сите претходни влади“, истакна Ципрас.

Премиерот Ципрас најави дека ќе продолжат со работата да се донесат промени во цела Европа, да се врати државата во развој и да се врати изгубениот национален суверенитет. Отворено призна дека мерките ќе доведат до рецесивни трендови, но со договорот е избегнато префрлање на јавната сопственост во фонд во странство и спречен е план за ново финансиско задушување и колапс на финансискиот систем кој, според него, бил добро разработен во европските кругови.

М.П.

Во четврток во Лондон Северна Македонија и Обединетото Кралство ќе потпишат договор за стратешко партнерство

На 22 мај во Лондон владите на Обединетото Кралство и Северна Македонија ќе потпишат договор за стратешко партнерство, за што британскиот амбасадор Метју Лосон вели дека ќе биде „историски момент“ во...

Мирот во Украина се чини подалечен по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин

Разговорот што се најавуваше како дипломатски пресврт за претседателот на САД, Доналд Трамп, во обидот да се стави крај на војната во Украина, заврши со уште повеќе прашалници, и за неговата...

Најавена сеча на стотици дрвја во Градски парк – тие се суви или пред сушење, велат експертите

На помалку од шест месеци пред локалните избори во октомври, кога е речиси извесно дека Данела Арсовска ќе ја напушти функцијата градоначалник на Скопје, се отвори нова криза поврзана со зеленилото...

Започна со работа Националниот консултативен механизам за Реформската агенда

Првиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда (НКМ-РА) се одржа денеска во Europe House во Скопје и онлајн преку Zoom. Механизмот, воспоставен од Институтот за европска политика (ЕПИ) во...

Во четврток во Лондон Северна Македонија и Обединетото Кралство ќе потпишат договор за стратешко партнерство

На 22 мај во Лондон владите на Обединетото Кралство и Северна Македонија ќе потпишат договор за стратешко партнерство, за што британскиот амбасадор Метју Лосон вели дека ќе биде „историски...