fbpx

Ципрас доби зелено светло од собранието, но црвен картон од пратениците на СИРИЗА

-

Грчкото собрание застана зад пакетот мерки и му даде зелено светло на премиерот Алексис Ципрас да ги продолжи преговорите за постигнување договор со кредиторите. Ципрас и пакетот реформи добија поддршка од 250, против беа 32, а воздржани, а присутни беа осум пратеници. Со ова европските кредитори покрај пакетот мерки имаат потврда дека мнозинството грчки партии застануваат силно и одлучено зад мерките, што им гарантира дека државата сака да остане во еврозоната.

И покрај повикот на Ципрас зад него да се обединат во оваа историска одлука за грчкиот народ, дел од неговите пратеници гласаа против и беа воздржани. Bкупно 17 пратеници од 163 од владиното мнозинство застранија од барањето на Ципрас и тоа двајца гласаа против, осуммина беа воздржан, а седуммина беа отсутни, меѓу кои и поранешниот министерот за финансии, Јанис Варуфакис, бројка која покрева прашање како владата ќе продолжи понатаму без силно единство за мерките.

На гласањето му претходеше драматична полноќна дискусија полна критики и обвинувања до владата на СИРИЗА од сите опозициски партии, но и до коалицискиот партнер во владата Независни Грци. Претседателката на собранието, Зои Константопулу, најави дека не може да гласа за мерките кои се изнудени од кредиторите и најави дека ќе гласа воздржана. Лидерот на Независни Грци и министер за одбрана, Панос Каменос, драматично реагираше против мерките, особено за намалувањето на буџетот, критикуваше дека дел од мерките се неуставни и се бара од нив да гласаат против уставот.

„Со тешко срце ќе гласаме. Не се плашам од „грексит“, туку од народниот раздор и од граѓанската војна“, истакна Каменос.

Премиерот Алексис Ципрас, во сентиментален личен говор, призна дека се направени грешки, но мора да се избегне влошување на ситуацијата.

„Шест месеци водиме војна, имавме тешки битки, имавме загуби, но успеавме и да освоиме територија. Но, отсега натаму сме пред минско поле и не можам тоа да го игнорирам и да го скријам од грчкиот народ“, истакна Ципрас во обид да ја прикаже критичноста на ситуацијата во која е принуден да ги предложи и прифати строгите мерки.

Отворено призна дека голем број од мерките што се поднесени до европските партнери се сосема поинакви од предизборните и програмските ветувања на СИРИЗА, но кои според владата се единствен начин за рестартирање и за оживување на грчката економија. Затворањето на банките и контролата на банкарскиот лимит, како што истакна, не биле никогаш цел на грчката влада. Уште еднаш повтори дека силното „не“ на референдумот, сепак, не било дозвола за раздор и за исклучување на Грција од еврозоната, туку засилување на преговарачките обиди и сила на владата за одржливо решение. Вети дека „тројката“ е минато и ММФ нема да биде дел од новиот финансиски пакет и ова ќе биде само европска програма и помош.

ПАСОК, Нова демократија и партијата Река испратија јасна порака до грчката влада дека ѝ даваат поддршка да преговара и в недела да се врати од Брисел со договор што ќе го осигури останувањето во еврозоната.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...