fbpx

Грција очекува зелено светло за преодна помош од 7 милијарди евра

-

По усвојувањето на новиот пакет мерки, Грција од утре ќе очекува зелено светло за преодна програма од 7 милијарди евра, која ќе помогне за справување со итните финансиски проблеми.

Преодната програма ќе дојде од Европскиот механизам за помош и ќе помогне државата да се врати на нозе додека се финализираат работите за новиот договор и пакет мерки.

Помошта се очекува официјално да биде најавена и одобрена на утрешниот состанок на Еврогрупата во Брисел.

Овој пакет е најитното решение за да се вратат банките во нормала, како и да се има средства за исплаќање долгови, плати и пензии.

Јавноста во Грција е во исчекување на одлуката на премиерот Алексис Ципрас во однос на тоа што ќе се случува со владата по вчерашниот силен удар од речиси 40 пратеници на СИРИЗА кои гласаа против новиот пакет мерки. Партијата е ранета, но Ципрас сè уште ги нема отворено картите по прашањето дали ќе пристапи веднаш или воопшто кон реконструкција на владата.

Се слушаат сценарија дека ќе мора да се сменат тројцата министри што гласаа против мерките, но и дека е можно Ципрас да почека до идната недела, пред гласањето на 22 јули за вториот дел од итните приоритети договорени со кредиторите, за да не го загрози усвојувањето на договорот, па дури потоа да пристапи кон драстични промени и кон голема реконструкција на владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...