fbpx

Новиот заем за Грција ќе тежи околу 86 милијарди евра

-

Новиот заем за Грција ќе тежи од 82 до 86 милијарди евра, кои ќе ја загарантираат финансиската стабилност на државата во следните три години. Дел од помошта, односно 35 милијарди, ќе се искористат како развоен пакет за да се поттикне економски развој во државата.

Пакетот опфаќа бројни мерки и реформи што ќе го зафатат секој сектор од државата за подобра функционалност, движење кон одржлив економски развој и кревање на нозе на банкарскиот систем во државата.

Предвидено е формирање на нов фонд за јавна сопственост, во кој ќе бидат вклучени сите државни имоти и компании подготвени за приватизација, кои, како што е забележано, треба на Грција да ѝ донесат 50 милијарди евра. Преку овој фонд ќе се добијат пари за исплаќање на долгот, средства за финансирање на економскиот развој, како и пари кои ќе бидат потребни за рекапитализација на банките.

Поконкретно, 12,5 милијарди евра ќе се користат за исплаќање на долгот, 12,5 милијади за инвестиции и 25 милијарди за рекапитализација на банките. Следат строги реформи во јавната администрација, построг пензиски систем, менување на условите за данокот на потрошувачка, кој особено ќе ги зафати островите кои имаат 30 отсто попуст на ДДВ поради оддалеченоста од копното, либерализација на пазарот, отворени продавници во недела, полесно доделување дозволи за работа и продолжување на договорите за приватизација против кои остро се бунтуваше СИРИЗА досега.

Грчкиот парламент до среда треба да ги изгласа денешниот договор и договорот од минатиот петок, кој беше доставен до парламентот како закони, за дел од нив да почнат веднаш да се имплементираат и да се почне усвојување на грчкиот договор и од другите парламенти од европските држави.

Строгиот договор потпишан со европските кредитори со кој Грција добива нов финансиски здив во следните три години опфаќа:

  • Мерки за реформирање на системот за данок на потрошувачка и проширување на даночната основа за поголем прилив на средства во државната каса;
  • Мерки за да се подобри долгорочната одржливост на пензискиот систем како дел од детална реформа за пензискиот систем, т.е. мерки за построга граница за предвремено пензинирање;
  •  Целосна независност на Грчката статистичка служба;
  •  Целосно имплементирање на условите од Договорот за стабилност, координација и владеење и воведување на автоматско кратење на средствата на јавната администрација во случај владата да не ги задоволи договорените мерки како примарен суфицит од 1 до 3,5 отсто до 2018 година;
  • До 22 јули ќе мора да се изгласа нов правилник за граѓански процедури, со кој ќе се забрзаат правните процеси и ќе се намалат судските трошоци;
  •  Мерки за да се надоместат трошоците кои ќе произлезат од пресудата на Државниот совет дека намалувањата на пензиите во 2012 година се противуставни;
  •  Мерки за либерализација на пазарот, односно отворени продавници во недела, либерализација на фармацевтскиот пазар;
  • Кредиторите бараат укинување на законите изгласани изминатите шест месеци, освен законот за хуманитарна помош на најпогодените семества. Под знак прашалник е што ќе се прави со законите за одново вработување на отпуштените јавни службеници и отворањето на ЕРТ;
  •  Мерки за кратење на работењето на јавната администрација;
  •  Враќање на „тројката“ во Атина за работа на мерките и потпишување нов меморандум за штедење.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...