fbpx
Таг: мед

таг: мед

11 млади научници ги презентираа своите проекти од областа на животната средина

Единаесет млади научници успешно спроведоа 11 научно истражувачки проекти, соопшти Македонското еколошко друштво (МЕД). Оттаму информираат дека станува збор за проекти кои се занимаваат со истражување на биолошката разновидност, но и проекти од областа на заштита на животната средина и кревање на јавната свест. Младите научници, во присуство на своите колеги и некои од менторите, ги презентирале извештаите од нивните...

Медена измама: Речиси половина од медот на европските пазари е вештачки

Речиси половина од медот увезен во Европската Унија најверојатно е вештачки, покажа истрагата на Канцеларијата за борба против измами на Европската комисија (OLAF) и Заедничкиот истражувачки центар (JRC), пренесе Јуроњуз. Од 320 тестирани примероци на мед, за 147 примероци (46 отсто) постои силен сомнеж дека содржат додавани шеќерни сирупи од ориз, пченица или шеќерна репка и дека вештачкиот мед не...

Волкот сѐ уште се смета за штетник и е легална мета за чие убивање се добива и награда

Волкот во земјава сѐ уште се смета за штетник. Тој е еден од трите крупни ѕверови кои ги населуваат нашите планини, покрај мечката и рисот, и кој има најмала заштита. Ова животно сѐ уште е легална мета, за чие убивање се добива и награда, иако домашните еколошки здруженија апелираат дека неговата популација опаѓа. Се проценува дека во моментов во...

Преспанското Езеро изумира без своите води, мерките за негова заштита ќе се спроведуваат шест години

Широките песочни плажи на Преспанското Езеро се идеални за туристите во летните месеци, сè до оној момент кога посетителите ќе сакаат сончањето да го заменат со капење во езерските води. Тиња, алги, матни и плитки води се секојдневието на секој посетител на Преспанското Езеро, а негативната состојба со повлечените води го вклучува и алармот за тоа како преживува богатиот...

Екологистите побараа од министерот Нуредини времено да го заштити Маврово додека не се усвои законот за репрогласување

Националниот парк „Маврово“ да добие привремена заштита, додека не се репрогласи како заштитено подрачје според новиот закон, побараа 28 граѓански здруженија. Барањето, кое е поддржано и од 21 пратеник од интерпартиската парламентарна „Зелена група“, денеска на средба со претставници на Националниот парк „Маврово“, Македонско еколошко друштво (МЕД), „Еко-свест“ и „Фронт 21/42“, му беше предадено и на министерот Насер Нуредини....

На Осогово одбележан Денот на Натура 2000

Делови од Малешево заедно со Долна Брегалница и Овче Поле се потенцијални подрачја за Натура 2000, беше истакнато на одбележувањето на 21 Мај, Денот на Европската директива за живеалишта. Настанот се одржа во туристичкиот инфо-центар на Пониква, Осоговски Планини, локалитет кој е едно од потенцијалните заштитени подрачја кои ќе бидат дел од мрежата НАТУРА 2000. Концептот за Натура 2000...

Вистиномер: Со ореви и мед не се лекуваат болести на тироидната жлезда

На пациентите кои имаат болести на тироидната жлезда им е потребен постојан медицински третман и редовни контроли. Првенствено дијагноза, ехо контроли, крвна слика за испитување на хормоните и секојдневна терапија зависно од болеста, секако исклучиво со препорака од специјалист ендокринолог или интернист. Клучно е да се нагласи дека за различните нарушувања на тироидната жлезда се земаат потполно различни лекови.Така...

Вистиномер: Лук, мед и оцет не лекуваат канцер

Не е вистина дека мешавина од лук, мед и оцет лекува канцер, медицински професионалци тврдат дека храната не може да излекува канцер. Исто така, опасно е да се сугерира дека оваа мешавина е лек, а уште помалку за големиот дијапазон на болести опишани во постот, зашто пациентите може да го доживеат третманот на канцер наивно. Секој вид на канцер...

Академијата за кривични дела против дивиот свет – обуки за заштита на загрозените видови

Ако сакаме ефективно да ги заштитиме загрозените животински видови, борбата со криминалот против дивиот свет е клучна. Жалната вистина е дека луѓето кои стојат зад сериозните кривични како труење на диви животни или пак криволов најчесто поминуваат неказнети, додека тоа придонесува да ги повторат делата, a во меѓувреме дивиот свет трпи огромна штета, велат од Македонското еколошко друштво (МЕД) „Ова се случува...

Ботаничката градина на ПМФ е место каде ќе може да се видат најретките ендемични растенија од земјава

Тропски растенија, кактуси, палми, азиски дрвенести растенија и грмушки, некои стари и по седум децении се цел од Ботаничката градина која постои во рамките на Природно математичкиот факултет. На површина од над пет хектари се одгледуваат повеќе од 500 растенија и околу 300 дрвја и грмушки, од целиот свет, како и многу ендемични и ретки, карактеристични само за нашето...

Балканскиот рис повторно снимен како шета низ Галичица

Млад балкански рис е фотографиран во Националниот парк „Галичица“. За една година, ова е втора фотографија на дивата мачка во овој дел од земјата. Снимката ја споделија официјалната Фејсбук страна на проектот за спас на балканскиот рис Balkan lynx - Rrëqebulli i Ballkanit - Балкански рис, страницата на Македонското еколошко друштво и на Националниот парк. Рисот бил снимен со...

Европска црвена листа на птици: Намалување на популациите на три птици во С.Македонија

Се намалиле популациите на полската врана, црновратиот нуркач и потполошката, а се стабилизирал бројот на рибарчето. Тоа се главните наоди од истражувањето спроведено од Македонското еколошко друштво, кои се дел од Европската црвена листа на птици за 2021 година, што денеска ја објави BirdLife International. Црвената листа го анализира ризикот од исчезнување на 544 видови на птици во повеќе од...

Произведуваат мед и имаат сопствен ЗОО парк, запознајте се со средното училиште „Браќа Миладиновци“

Новата учебна година вчера започна и во средното земјоделско-ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Станува збор за единственото училиште во земјава кое има сопствен зоолошки парк и произведува мед. Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров и директорот на ЦЕЕД Македонија вчера го посетија објектот, при што учениците, наставниците и техничкиот кадар ги пречекаа гостите во...

Човекот мора да престане да ги уништува природните живеалишта, а со тоа и биодиверзитетот

Уништување на природните живеалишта или нивно загрозување до тој степен животните и растителните видови да немаат услови да преживеат, се реалноста со која се соочува модерното општество. Потребата на човекот да узурпира и искористува ресурси исклучиво за своите потреби е една од најголемите закани за биодиверзитетот. Покрај опасноста што демне од климатските промени кои предизвикуваат температурни промени и суши...

Го славиме Денот на животната средина, но затрупани сме со ѓубре и дишиме отровен воздух

Во С. Македонија постојат 54 легални депонии, но и двојно поголем број на нелегални. Третманот на отпадот е едено од најгорливите прашања со кои земјата се бори со децении наназад. Ниската свест кај граѓаните, но и лошо поставениот и делумно функционален систем на третман на отпадот се едни од главните причини што македонската природа и денес, 5 Јуни, Меѓународниот...

Рудникот „Саса“ главно прашање на јавната расправа за заштита на Осогово во Македонска Каменица

Кои се зоните на заштита во идниот заштитен предел на Осоговските планини, како тоа ќе влијае на работата на рудникот „Саса“ и дали ќе биде дозволен лов, беа главните прашања околку кои се дискутираше на втората јавна расправа по Нацрт-Одлуката за прогласување на дел од Осоговски Планини за заштитен предел која се одржа во Македонска Каменица. Пред граѓаните и претставниците...

И со новата Стратегија за енергетика, јагленот останува најголемата опасност за природата и живиот свет

Продолжувањето со користење на фосилните горива, особено на јагленот како енергенс, е една од најголемите опасности за водата, воздухот, почвата и живиот свет, нотира Оценката на влијанието на Стратегијата за енергетика до 2040 врз животната средина. Анализата ги разгледува влијанијата на Стратегијата како целина и во поширок обем, а нотирани се и негативните и позитивните придобивки од насоките кои...

Причина за ниското ниво на Преспанското Езеро се климатските промени, а не истекот и наводнувањето, велат еколозите

Последната долга суша е одговорна за досега најголемото опаѓање на нивото на водата на Преспанското Езеро, е ставот на експертите од Македонското еколошко друштво (МЕД). Ова здружение на стручни лица од областа на заштитата на животната средина, гео и биодиверзитетот излезе во јавност со став дека истекот во Охридското Езеро и употребата на водата за наводнување од Преспанското Езеро...

Косово до крајот на неделава ќе испрати извештај со анализа за икрите и рибата за порибување

Министерот за економија Крешник Бектеши е убеден дека Северна Македонија и Косово нема повторно да се доведат во ситуација на трговска војна. На денешната прес-конференција што ја одржа заедно со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, министерот Бектеши информираше дека Косово до крајот на неделава ќе го испрати неопходниот извештај со анализа на соодветната програма за...

Косово забрани увоз на компири и мед од земјава

Косовското Министерство за трговија и индустрија денеска воведе забрана за увоз на мед и компири од Северна Македонија, пренесува „Порталб.мк“. Забраната за овие два производа доаѓа како реципрочна мерка на косовските власти по одлуката на македонските власти да го забрани увозот на риба за порибување од Косово, а ќе трае до моментот на преразгледување на одлуката на македонските власти...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...