fbpx
Таг: курди

таг: курди

Судир меѓу турската армија и Курдите во Сирија

Борци кои ги поддржуваат Курдите се судрија со турската војска во Северна Сирија, во близина на границата со Турција. - Турски тенкови се приближија денеска во Ал-Амарнех во провинцијата Алепо, јужно од границата, и се судрија со борците кои ги поддржуваат курдските сили – изјави Рами Абдел Рахман, директор на сириската Опсерваторијата за човекови права. Турската војска во средата ја почна...

Јилдирим: Турција ќе преземе поактивна улога во решавањето на судирите во Сирија

Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека Турција ќе преземе поактивна улога во решавањето на судирите во Сирија, за да се спречи оваа земја во која се води војна да биде поделена етнички, јавуваат странските медиуми. - Крвопролевањето мора да престане. Не треба да гинат бебиња, деца или невини луѓе. Затоа, во наредните шест месеци Турција ќе биде поактивна во обидите...

Турција бомбардирала позиции на ПКК во Ирак

Турција бомбардирала позиции на курдските бунтовници на северот на Ирак, после серијата напади во кои загинаа 12 лица, јавуваат турските медиуми. Мета на нападите на турските авиони биле припадниците на Работничката партија на Курдистан (ПКК) во регионот Синат-Хафтани. Нападот е извршен неколку часа по нападите на турските воени возила на границата со Ирак, во кои загинати четири војници. Во одвоен истовремен...

Во бунтовнички напад врз курдски кварт во Сирија загинаа 18 цивили

Најмалку 18 цивили вчера загинаа во бунтовнички артилериски напад врз курдски кварт во сирискиот град Алепо, во Северна Сирија, информираа од Сирискиот центар за надзор на човековите права. Во нападот со кој е прекршено примирјето од 27 февруари има и 70 ранети, од кои 30 се деца. Нападот бил врз квартот Шеих Максуд, населен главно со Курди. Според директорот на центарот, Рами Абдел...

Ердоган бара поддршка од Европа во борбата против курдските сепаратисти

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Вашингтон ги повика европските земји да ја поддржат кампањата на неговата влада против курдските сепаратисти, после нападот со автомобил во кој загинаа седум лица на југоистокот на Турција. Неговиот говор пред Институтот „Брукингс“ е обележан со судири меѓу турските безбедносни служби и демонстрантите новинари. - Не можеме тоа веќе да го толерираме. Се надевам дека...

Пет загинати во три бомбашки напади во Турција

Најмалку пет припадници на турските безбедносни сили загинаа во три одвоени бомбашки напади на курдските милитанти, извршени во близина на границата на Турција со Сирија и со Иран, јавуваат воени и безбедносни извори. Еден војник е убиен, а уште шест се ранети во бомбашки напад што се случил утринава во Нусајбин, во близина на турско-сириската граница, соопшти војската. Во бомбашки напад на...

Во самоубиствен бомбашки напад во Истанбул загинаа најмалку четири лица

Денеска, при самоубиствен бомбашки напад на главната трговска улица во центарот на Истанбул, најмалку четири лица загинаа, а 20 други се повредени. Нападот се случил на улицата Истиклал, во близина на централниот истанбулски плоштад Таксим, која е позната по големиот број продавници на познати домашни и на странски брендови. Меѓу загинатите при експлозијата се претпоставува дека е и бомбашот самоубиец. Турските власти неодамна...

Турција бомбардираше позиции на Курдите во Ирак

Турски воени авиони утринава бомбардирале кампови на забранетата Работничка партија на Курдистан (ПКК) на северот на Ирак, соопшти турската војска. Во 11 воздушни напади се уништени сите 18 неодамна идентификувани мети, меѓу кои се и складиштата за муниција и засолништата, тврди војската. Турските власти, исто така, прогласија полициски час во југоисточниот дел на Сирнак, кој е претежно населен со Курди,...

Седум експлозии за 10 минути го потресоа Дијарбекир

Најмалку седум експлозии во рок од 10 минути одекнале вчера во предградие во Дијарбекир, еден најголемите градови во југоисточниот дел на Турција, населен претежно со курдско население, јавуваат светските агенции. Експлозиите го потресле предградието Сур, а засега нема информации за загинати и за повредени лица, како и за тоа кој стои зад нападите. Дијарбекир, инаку, важи за неофицијален главен град на...

Милитантна курдска група ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Анкара

Милитантна курдска група, некогаш блиска на Работничката партија на Курдистан, ја презела одговорноста за бомбашкиот напад во Анкара, во кој загинаа 28 лица. Групата Јастреби на слободата на Курдистан (ТАК) во соопштение на својата веб-страница навеле дека бомбашкиот напад во Анкара е одговор на политиките на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и најавиле дека ќе продолжат со нападите, пренесува „Ројтерс“. Турските власти...

Турција бомбардирала курдски бунтовници во Ирак

Турската војска денеска соопшти дека извела воздушни напади на позиции на курдските бунтовници на северот на Ирак, по вчерашниот бомбашкиот напад во Анкара во кој загинаа 28 лица, а 61 лице е повредено. Мета на прекуграничните напади, извршени синоќа, била група од 60 до 70 припадници на Работничката партија на Курдистан (ПКК) во регионот Хафтанин. Војската соопшти дека меѓу нив имало и повеќе...

Турција нема да ги запре нападите врз сириските Курди

Официјална Анкара нема да ги сопре нападите врз сириските Курди, кои се одговор на прекуграничните престрелки, соопшти денеска турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган. Турскиот претседател порача дека САД треба да одлучат кого поддржуваат, Турција или курдските бунтовници. Турција ги смета Силите за заштита на народот и нивното политичко крило, Демократската унија, за терористички организации поврзани со Курдската работничка партија (ПКК). - Нема...

Курдите го зазеле воениот аеродром кај Алепо

Курдските борци потпомогнати со силно руско бомбардирање, синоќа го зазеле поранешниот воен аеродром, кој бил во рацете на бунтовниците во близина на границата со Турција, објавија бунтовниците и сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. Организацијата ги потврди претходните извештаи за тешки борби меѓу Курдите и исламистичките бунтовници за аеродромот „Менагх“, кој е на 30 километри северозападно од...

Ирак: Курдите бараат финансиска помош за борбата против ИД

Високиот курдски претставник, Мансур Барзани, денеска ја повика меѓународната заедница финансиски да ја помогне борбата против Исламска држава и наведе дека е „вистинско чудо што неплатените курдски сили сè уште се наоѓаат во првите борбени линии“. Шефот на регионалниот Совет за безбедност рече дека регионалната влада се бори да им исплати плати на доброволците поради спорот со Багдад за нафтените...

Давутоглу им порача на Курдите: Положете го оружјето, па потоа преговори

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу порача дека нема да преговара за мир со курдските бунтовници сè додека тие не го положат оружјето. Давутоглу ова го изјави во Мардин, град на југоистокот на земјата, каде го изложил владиниот план за обнова на мнозинско курдскиот регион, по завршувањето на операциите на безбедносните сили против екстремистите поврзани со Работничката партија на Курдистан (ПКК). - Владате ќе се...

Фабијус: Курдите не се повикани на мировните преговори за Сирија

Францускиот министер за надворешни работи, Лоран Фабијус, денеска изјави дека специјалниот претставник на ОН во Сирија, Стефан де Мистура, рекол дека нема да ја повика курдската Партија за демократско единство на мировните преговори во Женева и дека сириската опозиција, која Ријад ја поддржува, ќе ги предводи преговорите. Фабијус за радиото „Франсе култур“ рекол дека Де Мистура му пренел дека ги испратил...

Турските сили убиле 14 курдски милитанти

Турските сили за безбедност убиле најмалку 14 милитанти во претежно курдскиот дел на југоистокот на земјата, соопштија денеска воени извори. Во интернет-соопштението на Генерал-штабот се наведува дека член на „селската стража“, кој се борел на страна на владините сили, е убиен денеска за време на судирите со борците на Работничката партија на Курдистан (ПКК) во округот Сур. Војската објави дека борците...

Пет лица убиени во воена акција во Турција

Најмалку пет лица се убиени на југоистокот на Турција по воената операција на турските власти во курдските градови. Помеѓу убиените има двајца цивили, двајца војници и еден полицаец. Акцијата на турските власти против приврзаниците на Работничката партија на Курдистан почна пред неколку недели во повеќе градови на истокот на Турција. Членовите на оваа партија тврдат дека оттогаш се убиени повеќе нивни приврзаници.

Ердоган: Самоуправата е провокација и предавство

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го обвини лидерот на прокурдската опозициска партија за „провокација и предавство“ затоа што ја поддржал самоуправата на Курдите на југоистокот на Турција. Ердоган им се обрати на новинарите откако обвинителството во Анкара покрена истрага за лидерот на Народна демократска партија, Селахатин Демирташ, кој пред три дена побарал декларација за автономијата, која е објавена на...

Турција: Убиени 23 курдски милитанти

Турските сили за безбедност убиле 23 курдски милитанти во дводневните операции во два града на југоистокот на земјата, соопштија турските медиуми. Во градовите Чизре и Силопи, близу границата со Сирија и со Ирак, претходно беше прогласен полициски час, а турските сили покренале операција против припадниците на Работничката партија Курдистан (ПКК). Во акцијата учествувале 10.000 полицајци и војници, наведуваат турските медиуми. Триесетгодишната побуна...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...