Јилдирим: Турција ќе преземе поактивна улога во решавањето на судирите во Сирија

-

Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека Турција ќе преземе поактивна улога во решавањето на судирите во Сирија, за да се спречи оваа земја во која се води војна да биде поделена етнички, јавуваат странските медиуми.

– Крвопролевањето мора да престане. Не треба да гинат бебиња, деца или невини луѓе. Затоа, во наредните шест месеци Турција ќе биде поактивна во обидите да спречи опасноста да стане уште поголема – изјавил Јилдирим.

Војната во Сирија која трае повеќе од пет години, добива етничка димензија бидејќи Курдите ги одвојуваат своите региони и поврмено се борат против сириското арапско мнозинство кое сака да го тргне од власт претседателот Башар ал Асад.

Турција стравува дека зајакнувањето на курдските екстремистички групи во Сирија би можеле дополнително да ги засилат курдските бунтовници во Турција, откако повторно се активираа по неуспешното примирје со државата.

Македонија и Србија испитуваат можности за гасно поврзување

Македонија и Србија ќе ги испитуваат можностите за спојување со гасен интерконектор, кој треба ќе биде една нова директна врска меѓу од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот...