Хелсиншки комитет спроведе кампања против говор на омраза

-

Хелсиншкиот комитет за човекови права спроведе билборд-кампања против говор на омраза, наменета пред се за граѓаните за да го препознаат тој говор.

– Говорот на омраза сè почесто го исполнува јавниот простор во Македонија. Граѓаните се соочуваат со говор на омраза во медиумите, интернет просторот и секојдневниот живот. Дотолку пострашно, честопати ширењето на говор на омраза резултира со насилство и сторување дела од омраза. Поради тоа, борбата против говор на омраза е мулти-димензионална и се води на различни полиња – се вели во соопштението на Хелсиншки комитет за човекови права.

Во него се посочува дека, недостатокот на судска пракса и игнорантниот однос на институциите кон овој феномен, се само еден фактор кој придонесува кон постоењето на говорот на омраза во општеството.

Друг фактор претставува отсуството на општествен дијалог за причините за говор на омраза и спроведувањето на едукативни и информативни програми кои ќе придонесат граѓаните да го препознаат и навремено пријават говорот на омраза.

– Од тие причини, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија спроведе билборд-кампања наменета за покренување на свеста на граѓаните за препознавањето и пријавувањето на говор на омраза, но истовреме и за потсетување на надлежните институции за нивната обврска за ефикасна заштита на жртвите на говор на омраза – се додава во соопштението.

Кампањата е дел од проектот „Борба против говор на омраза“ поддржан од Националниот фонд за демократија (National Endowment for Democracy, NED) и беше спроведена низ пет градови, во Тетово, Гостивар, Битола, Куманово и Скопје.

 

Запленети компјутери, пари и фалсификувани документи поради сомнеж за хакерски криминал

На 16 мај 2025 година, по судска наредба и претходна истрага, полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал при МВР извршија претрес во дом и други простории на Л.К. (21) од...

Ограничувања во сообраќајот во Скопје поради спортскиот настан „Прв до врв“

Министерството за внатрешни работи информира дека поради одржувањето на традиционалниот спортско-рекреативен настан „Прв до врв“ денеска ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на дел од улиците во Скопје. Настанот, организиран од Здружението...

„Нема трагедија, има злосторство“, порачаа роднините на жртвите во Кочани

„Нема трагедија, има злосторство“, „Не беа жртви на пожар, беа жртви на системот“, „Затворени очи, отворени гробови“, со вакви транспаренти и со слики од младите жртви во Кочани денеска нивни роднини...

Светиниколец пукал со пушка во деца што собирале цреши од неговиот двор

69 годишен жител на Свети Николе бил лишен од слобода откако пукал во деца кои береле цреши во неговиот двор, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14 часот во Свети...

Запленети компјутери, пари и фалсификувани документи поради сомнеж за хакерски криминал

На 16 мај 2025 година, по судска наредба и претходна истрага, полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал при МВР извршија претрес во дом и други простории на Л.К....