fbpx

Фабијус: Курдите не се повикани на мировните преговори за Сирија

-

Францускиот министер за надворешни работи, Лоран Фабијус, денеска изјави дека специјалниот претставник на ОН во Сирија, Стефан де Мистура, рекол дека нема да ја повика курдската Партија за демократско единство на мировните преговори во Женева и дека сириската опозиција, која Ријад ја поддржува, ќе ги предводи преговорите.

Фабијус за радиото „Франсе култур“ рекол дека Де Мистура му пренел дека ги испратил поканите.

– Припадниците на Партијата за демократско единство се причина за најголемиот број проблеми и Де Мистура ми рече дека не им испратил покана – навел шефот на француската дипломатија.

Тој додаде дека Де Мистура, исто така, потврдил дека опозициската група, која Саудиска Арабија ја поддржува, ќе ги предводи преговорите дури и да има присутни и други противници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.