fbpx
Таг: курди

таг: курди

Група курдски милитанти загинаа во судир со турската војска

Турските сили на безбедност ликвидираа 11 курдски милитанти во судирите во Анадолија, недалеку од границата со Сирија и со Ирак, а еден војник загина во вооружен судир на југоистокот на Турција, соопштија властите. Судирите во овој регион, кој претежно е населен со Курди, продолжуваат по двегодишното примирје што го прогласи Курдистанската работничка партија, а беше прекинато во јули. Тогаш загинаа стотина луѓе и...

Курдските борци го чистат Синџар од ИД

Курдските сили денеска од сите страни влегуваат во стратегискиот град Синџар, на северот на Ирак, кој Исламска држава го презеде пред повеќе од една година, кога зароби илјадници јазиди, соопшти Курдскиот регионален безбедносен совет. Курдските борци целосно ги пресекле сите линии на комуникација на џихадистите во Синџар и почнале да го чистат градот. Во Синџар се слушаат пукотници, додека курдските борци од...

Офанзива на Курдите против екстремистите на северот на Ирак

Курдските сили во Ирак утринава покренале офанзива против милитантите на Исламска држава за да го преземат северниот градот Синџар, соопштија локалните претставници во Ирак. - Нападот почна рано утринава, курдските борци тргнаа да го ослободат Синџар – изјави неименуван припадник на курдските сили. Синџар се наоѓа на стратегиски важен пат, кој го поврзува Мосул, упориштето на екстремистите во Ирак, со Сирија,...

Курдски бунтовници убиле тројца турски полицајци

Три турски полицајци загинаа во напад на полициско возило на југоистокот на земјата, во близина на границата со Ирак, од курдските бунтовници, соопштија безбедносните извори. Југоистокот на Турција честопати е место на судири меѓу владините сили и на бунтовниците. Во обновените судири, по двогодишниот прекин на огнот меѓу државните сили и Работничката партија на Курдистан (ПКК), кои почнаа во јули, загинаа стотина...

Ослободени 70 курдски заложници во воена операција на САД и на Ирак

Седумдесетина Курди кои биле држени како заложници од милитантите на Исламска држава (ИД) во Ирак, биле ослободени во воена операција што денеска ја извеле сили на Соединетите Американски Држави (САД) и на Ирак, пренесуваат американските медиуми. Според сè уште непотврдени информации, во спасувачката операција загинал еден војник на САД. Воената операција се случила утрово, во близина на градот Хавиџа, во провинцијата Киркук,...

Турција: САД и Русија да не им даваат оружје на Курдите

Турските власти денеска ги повикаа на разговор амбасадорите на САД и на Русија за да ги предупредат дека се против давање каква било помош на сириските Курди во нивните операции против екстремистичката група Исламска држава во Сирија, соопштија избори од турската влада. Претставникот на турското МНР соопштил дека властите ги запознале амбасадорите со ставовите на Турција за курдската партија во Сирија,...

Сирија го попречувала летањето на турските воени авиони

Два сириски авиона и ракетен систем земја-воздух од база во Сирија го попречувале летот на три турски авиони „Ф16“ кои патролирале на турско-сириската граница, соопшти денеска турската војска. Турските авиони вчера исчезнале на две минути од радарот како последица на пречките од ракетниот систем, а поради сириските авиони „СУ-22“ и „СУ-24“ две минути и 35 секунди летале под радарот. Турција минатиот...

Исламска држава користела хемиско оружје против Курдите во Ирак!?

Службите на западните велесили се сомневаат дека милитантите на Исламска држава (ИД) користеле хемиско оружје во нападите против курдските борци на северот на Ирак, јавуваат светските медиуми. Според германските служби, кај курдските трупи биле забележани симптоми на тешкотии при дишењето веднаш по нападот на ИД во близина на градот Ирбил, на почетокот од овој месец, но не прецизирале за што станува...

Водач на ПКК тврди дека Турција ја штити ИД, напаѓајќи курдски позиции

Водачот на Курдската работничка партија (ПКК), Чамил Бајик, во интервју за „Би-Би-Си“ ја обвинил Турција дека таа ја штити Исламска држава (ИД) со тоа што ги напаѓа курдските борци. „Турција тврди дека се бори против Исламска држава, но, всушност, тие се борат против ПКК“, изјавил Чамил Бајик за „Би-Би-Си“, додавајќи дека Анкара тоа го прави „ за да ја лимитира...

Двајца загинати во судирите меѓу турската полиција и Курдите

Најмалку две лица загинаа, а 10 се повредени во судирите на полицијата и на курдските милитанти, кои денеска се случија на југоистокот на Турција, јавуваат локални извори. Судирите избиле утринава околу пет часот по локално време, кога полицајци се обиделе да влезат во неколку квартови во градот Силопи во провинцијата Сирнак, на гранцата со Ирак и со Сирија. Турските медиуми наведуваат...

Курдите против планот на Турција за „безбедносна зона“ во Сирија

„Безбедносната зона“, која САД и Турција ја планираат во Сирија, е обид на Анкара да ги запре Курдите во нивниот обид да воспостават своја територија, изјавил за „Би-Би-Си“ лидерот на турската прокурдска партија, Селахатин Демиртас. Според Демитрас, операциите на Турција против милитантите на Исламска држава (ИД) долж граничната линија со Сирија е само параван за нападите на Анкара врз курдските...

Двајца турски војници загинаа при напад со автомобил-бомба

Двајца турски војници загинаа, а четворица се повредени при напад со автомобил-бомба врз нивниот конвој во југоисточниот дел на земјата, кој е населен главно со Курди. Нападот следел откако бунтовничката група Курдска работничка партија (ПКК) се закани дека повеќе нема да го почитува примирјето, кое се одржува од 2013 година, бидејќи Турција ги бомбардира нивните позиции во северниот дел на...

Турски студент го извршил бомбашкиот напад во Суруч

Дваесетгодишен турски студент е идентификуван како извршител на самоубиствениот бомбашки напад што во понеделникот се случи во турскиот град Суруч, во близина на границата со Сирија, а во кој загинаа 32 лица, соопштиле денеска властите во земјата, пренесуваат медиумите. Напаѓачот, кој според локалните медиуми бил именуван како Сејх Абдурахман Алагоз, бил со курдско етничко потекло од југоисточната провинција Адијаман и, според...

Двајца повредени во бомбашки напади на седишта на курдската ХДП

Две лица се повредени во два бомбашки напади извршени врз локални седишта на курдската Демократска партија на народите (ХДП), во турските градови Мерсин и Адана. Засега нема информации колку сериозни се повредите на жртвите. Нападите се случуваат во пресрет на парламентарните избори во Турција, закажани за 7 јуни.

Курдските борци освоија клучно место на ИД

Курдските борци остварија важна победа против Исламска држава, освојувајќи го нејзиното клучно седиште во североисточната сириска провинција Хасакех, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права во Лондон. На курдските сили во освојувањето на Тал Хамис им помогнаа и арапските борци, а припадниците на ИД не пружиле поголем отпор. По освојувањето на Тал Хамис, Курдите ги запалиле куќите на припадниците на ИД и...

Ердоган е против сириски Курдистан

Претседателот на Турција, Реџеп Тајп Ердоган, соопшти дека неговата земја е против идејата за автономна влада под контрола на Курдите на северот на Сирија. Ердоган, во интервјуто за „Хутијет“, вели дека неговата земја не сака нов Ирак и праша дали Курдистан е Северен Ирак, алудирајќи на дел од земјата која е под контрола на Курдите, позната и како ирачки Курдистан. Турскиот...

ИСИС има 200.000 борци

ИСИС има повеќе од 200.000 борци, соопшти кабинетот на лидерот на ирачките Курди, Масуд Барзани, а бројката е шестпати поголема од таа што ја соопшти ЦИА. Тој наведе дека големиот број борци ѝ овозможува на милитантната организација да војува на повеќе различни воени полиња. Според Барзани, претходната процена на американските разузнавачи дека ИСИС има 31.500 борци се однесувала на јадрото.  

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...