fbpx

Турција: Убиени 23 курдски милитанти

-

Турските сили за безбедност убиле 23 курдски милитанти во дводневните операции во два града на југоистокот на земјата, соопштија турските медиуми.

Во градовите Чизре и Силопи, близу границата со Сирија и со Ирак, претходно беше прогласен полициски час, а турските сили покренале операција против припадниците на Работничката партија Курдистан (ПКК).

Во акцијата учествувале 10.000 полицајци и војници, наведуваат турските медиуми.

Триесетгодишната побуна на ПКК одново се распламти во јули, по колапсот на двегодишниот прекин на огнот, а на југоистокот на Турција повторно избија судири.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...