10.000 долари за поддршка на женското претприемништво

Општина Гостивар ќе потпише меморандум за соработка со фондацијата „Егалите“, со што ќе се донираат 10.000 долари на Фондот за поддршка на жени и на млади претприемачи во Полог.

Фондот беше основан од УСАИД во 2014 година за да обезбеди капитал за почнување и за проширување на бизниси предводени од жени и од млади, овозможувајќи им да ги зголемат производствените капацитети, да создадат нови работни места и да ја подобрат економијата во полошкиот регион.