fbpx
Таг: Кривичен суд

таг: Кривичен суд

За Беким Незири и уште тројца Кривичен суд определи мерки за претпазливост

Кривичниот суд определи мерки за претплазливост четири лица поврзани со случувањата во М-НАВ, меѓу кои и Беким Незири, поранешен министер и советник на директорот на М-НАВ, кои се  осомничени за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај. Според соопштението од Судот, овие четири лица, заедно со уште други четири лица кои се во бегство, упаднале во канцелариите на М-НАВ и...

Петто рочиште со вештакот за несреќата со автобусот на „Дурмо турс“, некои од перничињата на осовината биле испукани

Судењето за несреќата на автобусот на „Дурмо турс“ што се случи во 2019 година во скопско Ласкарци, во која животот го загубија 16 лица, а повеќе од 30 беа повредени, денес продолжи во Кривичниот суд - Скопје. Како и на претходните 4 рочишта, беше сослушан и вешакот Зекирја Зекири, кој заедно со неговите 3 колеги работеа на механичкото супервештачење...

Осум дена пред да му застари делото на Мијалков, Апелација ќе одлучува за „Титаник 2“

Само осум дена пред да му застари делото на ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, Апелацискиот суд закажа јавна седница за предметот „Титаник 2“. „Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека јавната седница пред судот, по кривичниот предмет КОКЖ-43/23, во јавноста познат како „Титаник“, е закажана за ден 30.03.2023 година во 11 часот...

Даравелски е на слобода, кривичното дело застаре

Кривичниот суд ја запре постапката против ексдиректорот на Царинската управа, Драган Даравелски, бидејќи настапила апсолутна застареност за кривичното дело, соопштија денеска од судот. Toj беше осуден за злоупотреба на службената положба во Царината во периодот од 1999 до 2002 година, за направени штети од повеќе од два милиони евра. Како што е наведено во објавеното соопштение, судскиот совет постапувајќи по...

Марјан Стаменковски од „Доказ“ не чувствува вина, адвокатот очекува ослободителна пресуда

На денешното судење против сопственикот на веб-порталот „Доказ“, Марјан Стаменковски, сведочеа двете новинарки од „Фокус“, Валентина Вурмо и Ирена Мулачка, а судењето се одвиваше зад затворени врати, без можност да присуствуваат новинарите, со цел да се заштити приватноста на жртвите. Текстовите кои беа објавувани на „Доказ“ содржеа обвинувања и навреди за двете новинарки, кои подоцна го пријавија Стаменковски за ширење...

Бошкоски откако одлежа 5 години затвор, ослободен е за случајот „Кампања“

Љубе Бошкоски доби ослободителна пресуда во повтореното судење за случајот „Кампања“, во кој беше обвинет за нелегално финансирање на изборите како лидер на партијата Обединети за Македонија, во 2011 година. Бошкоски беше осуден дека земал пари за кампањата од странски државјанин кој во процесот беше и еден од клучните сведоци. За овој случај, Бошкоски веќе одлежа пет години затвор во...

Мијалков спроведен во Кривичен суд за делото „Титаник 2“

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, денеска беше спроведен од затворот во Струга, во Кривичниот суд на судење за случајот „Титаник 2“. Рочиштето беше закажано за 22 декември, но заради техничка грешка во комуникацијата на судот со затворот, Мијалков не беше спроведен. Тој се гони за противзаконско влијание во изборните нерегуларности во 2013 година. За...

Една година затвор за полицаец кој малтретирал физичко лице

Основниот Кривичен суд, на 30 мај донесе пресуда со која го прогласи обвинетиот Г.П., униформиран полициски службеник вработен во СВР Битола за виновен и го осуди на казна затвор во траење од една година, информираат во Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и Хелсиншкиот Комитет за човекови права. Како што соопштуваат, Основниот кривичен суд, по пресуда на Апелациониот суд со...

Три судски случаи од СЈО се враќаат на почеток по разрешувањето на судијата Бошевски

Судскиот совет на 377. седница го разреши судијата Горан Бошевски од Кривичниот суд Скопје, a oбразложението за неговото разрешување е поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и времено е оддалечен од вршење на судиската функција. Поради неговото разрешување, три судски случаи кои ги започна Специјалното јавно обвинителство, а ги презема Јавното обвинителство, се враќаат на почеток. Бошевски го одолговлекуваше...

Мијалков останува во притвор, бидејќи судот ја одби понудената гаранција од 10 милиони евра

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот Кривичен суд – Скопје го одби како неоснован предлогот на одбраната на Сашо Мијалков за укинување на мерката притвор со понудена гаранција од 10,871,170,00 евра. Кривичниот суд соопшти дека Советот, по проучување на списите во предметот, смета дека сè уште постојат причини поради кои била определена мерката притвор имајќи...

Определен 30 дневен притвор на бизнисменот Орце Камчев за предметот „Плацеви на Водно“

По барање на Обвинителството за организиран криминал, судија по претходна постапка му одреди 30 дневен притвор на бизнисменот Јордан-Орце Камчев осомничен во предметот „Плацеви на Водно“. Тој ќе биде спроведен во истражниот затвор „Шутка“. Претходно, Камчев утринава бил приведен во полициската станица-Карпош и по приведувањето бил упатен во Кривичниот суд во Скопје, на распит пред судија, по претходна постапка, по...

Пребеганиот Груевски осуден на уште 1,5 година затвор, вкупно треба да одлежи 3,5 години во македонските затвори

Четири години откако беше поднесено обвинението, поранешниот премиер, бегалец од правдата, Никола Груевски е осуден на една и пол година затвор и за случајот „Насилства во општина Центар“. Со првата пресуда од 2 години затвор, севкупно пребеганиот поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски треба да одлежи 3,5 години во македонските затвори. Покрај Груевски, на условна казна затвор од една година...

Зоран Милевски – Кичеец од судот добил упатен акт да оди во затвор за случајот „Рекет“

Еден од осудените во случајот „Рекет“, Зоран Милевски – Кичеец добил упатен акт и датум од Кривичен суд кога и во кој затвор да се појави за да ја издржи затворската казна од три години. Кривичен суд не го открива точниот датум која тој треба да се јави во затвор. Милевски има можност да бара одлагање на одењето во затвор...

Поднесено обвинение за Фросина Ременски, Јасна Мандиќ и таткото на Бојан Јовановски

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) денеска во Основниот кривичен суд - Скопје поднесе обвинителен акт за случајот „Меѓународен сојуз“ против пет лица и тоа заменик-претседателката на Меѓународниот Сојуз – Јасна Мандиќ, таткото на Бојан Јовановски – Миле Јовановски, асистентката на Јовановски – Кристина Блажевска, пратеничката Фросина Ременски како и самиот Бојан Јовановски. Се товарат за...

Јанева и Боки 13 остануваат во притвор, одбиени барањата за укинување на мерката

Основниот кривичен суд Скопје ги одби како неосновани барањата за укинување на мерката притвор на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и на Бојан Јовановски – Боки 13, осомничени во случајот „Рекет“. „Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлози на обвинетите К.Ј. и Б.Ј., поднесени од  нивните бранители, за укинување...

Новите лица осомничени во „Рекет“ повикани во Кривичниот суд

Лицата кои се опфатени со предлогот за определување мерки за претпазливост во врска со случајот „Рекет“ денеска се повикани во Основен кривичен суд Скопје да се произнесат пред судија на претходна постапка. – Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка вчера беше спроведено едно лице со предлог за определување...

Притворот за Јанева е продолжен за уште 30 дена

Кривичниот суд денеска ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева за уште 30 дена. - Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор определена со решение на судија на претходна постапка од 21.08.2019 година за К.Ј., по разгледување и...

Укинат куќниот притвор на Стевчо Јакимовски

Кривичниот суд во Скопје ја укина мерката куќен притвор на поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. „Заради интерес на повеќе медиуми околу мерката за обезбедување присуство за С.Ј. кој по предлог на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од 19 март 2019 година се наоѓа во куќен притвор, ја информираме јавноста дека од надлежен јавен обвинител до...

ЗНМ бара да се повлече обвинението против Кежаровски

Откако Врховниот суд го врати предметот за новинарот Томислав Кежаровски на повторно судење, денеска Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) на прес-конференција побара од Основното јавно обвинителство да го повлече, а од Кривичниот суд да го отфрли, обвинението против новинарот. Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, соопшти дека утрово ја разгледале одлуката на Врховниот суд за предметот на Кежаровски и едногласно...

Притвор за возачот и сопственикот на „Дурмо турс“ за несреќата кај Ласкарци

Судот прифати три од шесте барања за притвор на Основното јавно обвинителство за автобуската несреќа кај Ласкарци минатиот месец кога животот го загубија 15 патници. Притвор добија возачот кој возел со недозволена брзина, сопственикот на компанијата „Дурмо турс“ и раководителот. „Постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерка притвор за шест лица и мерки за претпазливост за едно лице,...
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...