fbpx
Таг: дигитализација

таг: дигитализација

Најава за воведување електронска лична карта, Грковска го слушна словенечкото искуство

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска на работен состанок со словенечката министерка за дигитална трансформација, Емилија Стојменова-Дух, разговарале за можностите за заедничка соработка на полето на дигитализацијата, како и за размена на искуства и поддршка во однос на воспоставување на електронска лична карта во С.Македонија. На состанокот, тимот на министерката Дух го...

(ИНТЕРВЈУ) Виктор Велевски: Бараме начин како да го дигитализираме процесот на вселување во студентски дом

Долги редици, чекање со часови, многу документи за пополнување. И оваа академска година ваква беше сликата пред студентските домови, каде што имаше студенти кои чекаа ред за да добијат соба во студентски дом. Лани во мај, Државниот студентски дом – Скопје (ДСД) најави дека процесот на вселување ќе се дигитализира, за да не мораат студентите да доаѓаат за само...

Емисијата за млади „Шорткат“ слави јубилеј од 100 епизоди

Емисијата „Шорткат“ вечерва ќе се емитува по 100-ти пат, како препознатлив бренд кај младите за доверлив и кредибилен извор на информации. Во оваа јубилејна епизода како главна тема го третираме недостигот на дигитализација во процесот на вселување во студентските домови во Скопје, поради што секоја година се создаваат редици од студенти при приемот на собите во домовите. Во „Шорткат“ информираме...

Новиот електронски дневник во училиштата најрано во второто полугодие

Во текот на второто полугодие од оваа учебна година или најдоцна на почетокот од наредната ќе профункционира новиот електронски дневник, којшто Министерството за образование и наука (МОН) го работи со поддршка од Европската Унија (ЕУ). „Со финансиска поддршка од ИПА фондовите на Европската унија, Министерството за образование и наука изработи нов интегриран систем за електронска работа на училиштата. Во новото...

Грковска: Сајбер-безбедноста стана поважна од кога било порано

Со брзиот напредок во технологијата, сајбер-безбедноста стана поважна од кога било порано, а одвивањето на процесот на дигитална трансформација треба да се сфати многу сериозно од сите страни, рече заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на Регионалниот дијалог за сајбер политики, кој денеска се одржува во Скопје. Во таа насока, рече Грковска, е...

Стара вест злоупотребена за ширење невистини дека „цело Косово е запишано во нашиот пензиски систем“

Уште од 2014 година, има договор меѓу С. Македонија и Косово со кој двете земји се обврзани да го признаат стажот на граѓаните од двете држави сè до стекнување на минималната пензија. Како што беше тогаш објавено, станува збор за околу 2.500 македонски граѓани кои ќе можат да се стекнат со право на пензија доколку им се признае стажот...

Со апликацијата „Parking.MK“ ќе може да се плаќа паркинг во Скопје од мобилен

Скопското јавно претпријатие „Градски паркинг“ денеска ја пушти во употреба апликацијата „Parking.MK“ за зонско паркирање, која ќе биде достапна за користење на IOS и ANDROID уредите, информираа од ЈП „Градски паркинг“. „Апликацијата е бесплатна за симнување, едноставна за примена и нуди низа поволности, меѓу кои, можност преку ГПС прецизно и точно да се утврди локацијата на возилото на корисникот, а...

Гужви за упис на ФИНКИ, идните бруцоши во 2023 поднесуваат хартиени документи [фото]

Во 2023 година, студентите по софтверско инженерство и информациски системи, по програмирање, по компјутерско инженерство и други студиски програми се запишуваат на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), со доставување на документи во хартиен формат. Стотици млади денеска чекаа во ред за да ги поднесат документите. Пред зградата на Технолошко-металуршкиот факултет денеска цел ден „дежураат" идните академски...

Догодина видео-надзор и дигитализација на управувањето на автопатот долж Коридорот 10

Во тек е тендерот за избор на изведувач на Интелигентниот транспортен систем (ИТС) што ќе се имплементира на автопатот долж Коридорот 10, информираат за Мета.мк од Министерството за транспорт и врски. Целокупниот сообраќај од Велес до Табановце деноноќно ќе се мониторира од контролен центар преку поставување на видео-надзор долж автопатот, ќе се постави електронска сообраќајна сигнализација за информирање на...

„Go Green-компјутерската моќ станува зелена” е првиот проект на Бирото за регионален развој финансиран од ЕУ

Бирото за регионален развој започна процес на трансформација во Aгенција со цел државата да има акредитирана институција која ќе има пристап до повеќе средства од Европската Унија за регионален развој, најави денеска директорот на Бирото, Рамиз Реџепи. Како што истакна на денешната средба со новинарите, за тоа веќе има одлука на Влада, а формирана е и работна група од Министерството...

Ковачевски: Огромна ни е посветеноста за дигитална трансформација на општеството

Нашата посветеност да обезбедиме дигитална трансформација на општеството и приближување на европските стандарди е огромна и видлива. Во Северна Македонија во моментов 83 отсто од домаќинствата имаат пристап до широкопојасен интернет, а 91 отсто од компаниите користат различна технологија, како и широкопојасен интернет, кажа во своето обраќање денеска премиерот Димитар Ковачевски, кој се обрати на отворањето на Талинскиот дигитален...

Со отсуство на процедури во институциите, во прашање се доведуваат личните податоци на граѓаните

Личните податоци на граѓаните многу често во последниве години беа загрозени, или преку многубројните сајбернапади во повеќе институции или, пак, преку спорни тендерски постапки за избор на компании, кои, меѓу другото, треба да обезбедат и заштита на личните податоци. Иако ниту една институција досега се нема произнесено дека личните податоци на граѓаните навистина биле загрозени, злоупотребени, или пак, како...

Германија го дигитализира здравството со е-рецепти и дигитални досиеја на пациентите

Кабинетот на германскиот канцелар Олаф Шолц вчера ги претстави плановите за овозможување широка употреба на електронски рецепти и дигитални досиеја на пациенти во германското здравство, јавува германската новинска агенција ДПА. За овој новитет за дигитализација во здравството се зборувало за време на дводневната средба на коалициската влада во Мезеберг. По долгогодишно одложување, е-рецептите треба да станат стандардни и задолжителни за...

Грковска: Дигитализацијата на инспекциските постапки ги намалува ризиците од корупција

Многу е важно инспекторатите кои сè уште ја немаат дигитализирано инспекциската постапка да ги направат сите неопходни подготовки за да се запази утврдената динамика. Ова го истакна вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, на координативниот состанок со претставници на сите државни инспекторати, а на кој присуствувала и претседателката на Инспекцискиот совет, Даниела Рендевска. Тема на состанокот била динамиката...

Матичните книги како на пазар – дигитализацијата на личните податоци се вршела со два скенера, на два незаштитени компјутера

Три компании за 1,7 милиони евра, скенирани над 1,5 милиони изводи од матичните книги на родени, умрени и венчани, со само два скенера... Вака течел процесот на дигитализација на матичните книги, за кој пред два дена Државната комисија за спречување на корупцијата изрази сериозни сомнежи - дека ризикот од злоупотреба на личните податоци на граѓаните бил огромен, но и...

Сомнежи за пробиени матични книги и трговија со личните податоци на граѓаните

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница отвори сериозни сомнежи за трговија со милиони лични податоци на македонските граѓани. Случајот се однесува на дигитализацијата на матичните книги, со податоци за умрени, родени и венчани, спроведуван преку Управата за водење на матичните книги, на распишан тендер кој го добила фирмата Новатек Инв ДООЕЛ. Антикорупциската комисија најави кривични пријави...

Иванов: Потребна е „зелена дигитализација“ за заштитата на животната средина

„Зелената дигитализација“ треба да се води, насочува и следи на ниво на националната економија, создавајќи алатки за мониторирање кои ќе бидат прифатени и реализирани од приватните и јавните институции, вели Ристо Иванов, консултант и автор на Извештајот за подготвеноста на секторите за дигитална трансформација и можниот јаглероден отпечаток. Македонија има огромен потенцијал за дигитална трансформација во земјоделството и шумарството, градежништвото...

Може електронски да се аплицира за лични документи, ама за термини подгответе се да кликате стотици пати

Пред точно една година, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, зборувајќи за целосна дигитализација на процесите, извести дека граѓаните ќе можат по електронски пат да поднесуваат барања за издавање на лична карта и пасош, наместо да закажуваат телефонски. Тоа и се случи, односно на веб-страницата на МВР навистина може да се закаже електронско вадење нова лична карта, пасош или за...

Наместо електронско поднесување, Град Скопје бара нотарска изјава за субвенции за велосипеди

Изјава заверена на нотар бара Градот Скопје за лицата кои годинава аплицираат за да добијат субвенција за купување велосипед. Ова не било практика во последниве години, туку се воведува од годинава. Големи реакции за ова можат да се видат од скопјани на социјалните мрежи, каде граѓаните реагираат дека наместо да се воведуваат електронски апликации, се оди чекор наназад, па...

Граѓанските организации да се вклучат во подготовката на новиот план за отворена власт

Во подготовката на новиот Национален акциски план, којшто треба да овозможи поголема отвореност и одговорност на власта, со цел повеќе придобивки за граѓаните, треба активно да се вклучат сите граѓански организации, порача Данче Даниловска-Бајдевска од Фондацијата Метаморфозис. Таа, како координатор на Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт, покрај другите претставници на институциите и граѓанските организации, се...

АСО смета дека поскапувањето на полисите за автомобилско осигурување не е оправдано, бара ограничување на цените

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) соопшти дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании. Од таму велат дека по добиени известувања...