Иванов: Потребна е „зелена дигитализација“ за заштитата на животната средина

Процесите на дигитализација и зелена трансформација се поврзани со исполнување на целите за одржлив развој на ОН, особено оние за земјоделството и производството на храна, обезбедувањето чиста вода за сите, енергетските предизвици, индустријата и социјалната благосостојба и истражувањата за климата

-

„Зелената дигитализација“ треба да се води, насочува и следи на ниво на националната економија, создавајќи алатки за мониторирање кои ќе бидат прифатени и реализирани од приватните и јавните институции, вели Ристо Иванов, консултант и автор на Извештајот за подготвеноста на секторите за дигитална трансформација и можниот јаглероден отпечаток.

Македонија има огромен потенцијал за дигитална трансформација во земјоделството и шумарството, градежништвото и менаџирањето на отпадот со можности за вложување на сериозни средства од јавниот и приватниот сектор, нагласува Иванов.

Усогласените процеси за дигитализација и заштита на животната средина на Европската Унија треба да бидат пример за искористување на придобивката од „зелената дигитализација“ за понатамошен развој на државата, се вели во соопштението.

Извор: Принтскрин од Извештајот за подготвеноста на секторите за дигитална трансформација и можниот јаглероден отпечаток

Државата активно учествува во целите на ОН за одржлив развој, кој може да биде загрозен со економски раст базиран на зголемена потрошувачка и нерационално користење на природните ресурси и енергијата, влијаејќи негативно на животната средина и климатските промени. Одговорите на овие предизвици се зелената економија и дигитализацијата преку креирање технологии, инвестиции и работни места. Меѓутоа, за дигиталниот сектор да ги постигне неговите климатски и економски цели, мора да придонесе за одржливиот развој во сите аспекти: циркуларната економија, климатската неутралност и потрошувачката на енергија.

„Почетните чекори се постоење на соодветна законска регулатива со стандарди за дигитализација, ограничување на потрошувачката на енергија на ИТ инфраструктура и опрема, како и начинот на работење на големите центри за чување на податоците. Едноставно, потребна е поголема мотивација на целото општество за усогласување и прифаќање на овој процес на зелена дигитализација, со цел дигиталниот сектор да придонесува за одржлив економски раст“, вели Иванов.

Минималните мерки за управување со зелената дигитализација, според Иванов, се однесуваат на дефинирање на задолжителното користење на обновливи извори на енергија, степенот на реупотреба на користената енергија во однос на вкупната потрошувачка на енергија на ИКТ инфраструктурата и/или центрите за податоци. Исто така, во однос на енергетски ефикасната инфраструктура на ИКТ потребно е да се намали потрошувачката на електрична енергија по серверска соба од над 500 вати/ч на 200 вати/ч, како и следење и мерење на еквивалент на CO2, што произлегува од потрошувачката на енергија во објектот, додава Иванов.

Озбек Ајваз: Чаир е место во кое соживотот е реалност

Младиот и перспективен уметник од скопската населба Чаир, Озбек Ајваз, денеска во неговото маало, ја постави урбаната уметничка инсталација која ја нарече „Клуата на заедниците“. Ајваз е добитник на наградата „Шампион на...

„Н1“: Од каде српско „љ“ во рускиот извештај и други нелогичности?

Безбедносната информативна агенција (БИА) на својата веб-страница објави извештај на Руската Федерална служба за безбедност за употребата на таканаречениот звучен топ во Србија. Веднаш штом бил објавен текстот, биле забележани грешки...

Екс градоначалникот на Лозово дозволил незаконски да се исплатат 205 илјади денари

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.В. (48) од Лозово, Т.Г. (51) од Скопје и Л.Л. (68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена...

Денот на победата над фашизмот се прославува и во Скопје

Денот на победата над фашизмот се празнува и се одбележува и во Скопје (и во сите други градови во земјата), но и како Ден на Европа, а на 8 мај како...

Озбек Ајваз: Чаир е место во кое соживотот е реалност

Младиот и перспективен уметник од скопската населба Чаир, Озбек Ајваз, денеска во неговото маало, ја постави урбаната уметничка инсталација која ја нарече „Клуата на заедниците“. Ајваз е добитник на наградата...