fbpx

„Go Green-компјутерската моќ станува зелена” е првиот проект на Бирото за регионален развој финансиран од ЕУ

Бирото за регионален развој започна процес на трансформација во Aгенција со цел државата да има акредитирана институција која ќе има пристап до повеќе средства од Европската Унија за регионален развој, најави денеска директорот на Бирото, Рамиз Реџепи, кој рече дека главен акцент ќе се стави на дигиталната трансформација

-

Бирото за регионален развој започна процес на трансформација во Aгенција со цел државата да има акредитирана институција која ќе има пристап до повеќе средства од Европската Унија за регионален развој, најави денеска директорот на Бирото, Рамиз Реџепи.

Како што истакна на денешната средба со новинарите, за тоа веќе има одлука на Влада, а формирана е и работна група од Министерството за локална самоуправа, финансиски поддржана од УСАИД.

„Изработена е физибилити студија со три предлози за трансформацијата, која е потребна за да ги исполниме условите за искористување на средствата од ЕУ за регионален развој“, дообјасни Реџепи.

Проектот „Go Green-компјутерската моќ станува зелена” е прв проект на Бирото финансиран од ЕУ.

Раководителот на сектор за имплементација на проекти за регионален развој Лидија Марков рече дека дигиталната трансформација на јавниот и приватниот сектор стана европски приоритет за зголемување на конкурентноста, и соодветно тоа е и национален приоритет.

„Во согласност со целите на ЕУ за ‘двојна транзиција’, важно е да преземате активности кои поддржуваат одржлива дигиталната трансформација. Главната цел на проектот е да го промовира усвојувањето на интегриран пристап и рамка за создавање комбинирани зелени и дигитални иницијативи за трансформација на националното и транснационално ниво, што ќе доведе до ‘позелено’ функционирање на дигитални инфраструктури кои користат центри за податоци. Главните целни групи се јавен сектор како регионалните власти, универзитетите, професионалните здруженија, како и приватниот сектор и граѓаните на програмската област“, вели Марков.

Иднината во овој сегмент според професорот Ристо Иванов, експерт за проблематиката е потребата да се најде решение затоа што со напредокот на дигитализацијата се јавува и феномен – дигитална инфраструктура, која води кон загуби на енергија.

„Предвидувањата се дека за 4-5 години загубите на енергија за дигиталните технологии ќе биде меѓу 5 и 9%. Емисијата на гасови води кон зголемување на температуратата и климатските промени. Овие појави ја актуелизираат зелената дигитализација, односно како да се преземе одговорност. Направивме анализа и за Македонија, во која избравме три области како ќе се одрази – градежната индустрија, земјоделството и јавниот сектор со фокус на отпадот. Во овие сектори се предвидени огромни инвестиции во дигитализација и секој сектор треба да преземе обврска за зелениот аспект. Направивме директни контакти со институции кои имаат големи центри на податоци. Во јавниот сектор не е почнат, но во приватниот сектор почнуваат да се користат обновливи извори на енергија. За сево ова, кај нас има потреба од промена на законска регулатива да се реши овој аспект“, вели професорот Иванов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хаос во Германија по обилните снежни врнежи

Обилните снежни врнежи во текот на ноќта ги парализираа транспортните врски во јужната германска покраина Баварија, оставајќи заглавени илјадници патници, а дел од железничкиот сообраќај беше во прекин поради...