fbpx
Таг: Бенјамин Нетанјаху

таг: Бенјамин Нетанјаху

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот напад со проектили и беспилотни летала, рече Халеви - „ќе добие одговор“. Неговата изјава била дадена за време на посетата на воздухопловната база Неватим, која, според Израел, претрпела мала штета во...

Бајден: Пристапот на Нетанјаху кон Газа е погрешен, Израел да повика на прекин на огнот

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека пристапот на премиерот Бенјамин Нетанјаху кон Газа е „погрешен“ и го предупреди Израел да повика на прекин на огнот, пренесува „Гардијан“. Коментарите на Бајден беа некои од неговите најсилни критики досега кон Нетанјаху, во период кога има тензии околу бројот на цивилни жртви од војната на Израел против Хамас и тешките услови во Газа. „Мислам...

Израелска рација во најголемата болница во Газа, Ал-Шифа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) извршија рација утрово во болницата Ал-Шифа, најголемата болница во појасот Газа, во северниот главен град Газа, пренесува Гардијан. Според ИДФ, Хамас ги користи зградите на болницата како засолниште. ИДФ ги предупреди граѓаните во близината на болницата да се евакуираат во градот Ал-Муваси, 30 километри јужно од болницата. Во рок од неколку часа од почетокот на рацијата,...

Бајден: Чекаме на Хамас за финализирање на договорот за примирје

Неофицијалниот рок за финализирање на договорот за примирје меѓу Израел и Хамас се наближува, а преговорите не одат глатко. Претседателот на САД, Џо Бајден, изјави оти топката е кај движењето Хамас, кое се очекува да донесе одлука до понеделник, почетокот на Рамазан, пренесува Гардијан. Од Хамас, пак, велат дека топката е на израелската и американската страна и дека израелскиот премиер...

Камала Харис апелира за итно примирје во Газа, го критикува Израел за негување „хуманитарна катастрофа“

Потпретседателка на САД Камала Харис апелираше за итно примирје во Газа и притоа излезе со една од најострите критики за Израел досега изјавена од политички лидер во САД, пренесува Гардијан. Харис го критикуваше Израел што не оневозможува да се достави хуманитарна помош во Газа. „Израелската влада мора да делува повеќе за да се зголеми протокот на хуманитарна помош, нема изговори. Таа...

Израелски демонстранти блокираат хуманитарна помош во Газа

Стотици израелски демонстранти го блокираа патот на камиони кои носеле хуманитарна помош до Газа, пренесува „Тајмс оф Израел“. Некои од камионите имале египетски знамиња, а демонстранти вееле израелски знамиња и скандирале против владините мерки за внесување помош во Газа. Само девет од 114 камиони го поминале граничниот премин Керем Шалом. Некои се пренaсочиле и влегле преку египетскиот премин Рафах, но...

Нетанјаху го отфрли американскиот предлог за формирање палестинска држава

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ официјално ги информирал САД дека се противи на формирањето на палестинска држава, откако ќе заврши конфликтот во Газа, јави Би-би-си. На прес-конференција, Нетанјаху ветил дека ќе продолжи со офанзивата во Газа „до целосна победа“, уништување на Хамас и враќање на преостанатите израелски заложници, додавајќи дека тоа може да трае „уште многу месеци“. Со речиси 25.000 убиени...

Сто дена откако Хамас го нападна Израел, Нетанјаху: Никој нема да нè сопре

Израел ќе ја продолжи својата војна против Хамас сè до победа и нема да биде сопрен од никого, па ниту од светскиот суд, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вчерашниот говор додека борбите во Газа се наближија до својот стоти ден. Нетанјаху говореше откако меѓународниот суд на правдата во Хаг одржа дводневни сослушувања за наводите на Јужна Африка дека Израел...

Нетанјаху: Војната против Хамас ќе продолжи уште многу месеци

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека израелската војна против Хамас во Газа ќе продолжи „уште многу месеци“, одбивајќи ги постојаните меѓународни повици за прекин на огнот по зголемените цивилни смртни случаи, гладта и масовното раселување во опколената енклава, пренесува Асошиејтед Прес. Нетанјаху се заблагодари на администрацијата на Бајден за нејзината континуирана поддршка, вклучително и за одобрувањето нова, итна продажба на...

Нетанјаху одбива да преговара за иднината на Газа

Додека Израел ја проширува и засилува својата офанзива во Газа таргетирајќи кампови за бегалци, премиерот Бенјамин Нетанјаху одбива средби и преговори во врска иднината на појасот Газа во однос на нејзиното управување, откако ќе бидат постигнати воените цели на Израел, известува Гардијан. Премиерот одбил три барања за средба од Мосад (разузнавачката агенција), Шин бет (безбедносната агенција) и одбранбените сили. „Времето истекува,...

Израел најави продолжување на тешката воена операција во Газа, Бајден повика на заштита на цивилите

Израелската војска најави дека ќе ја продолжи операцијата во Газа, но ја нарече истата „долготрајна“ и „тешка“. Портпаролот на Израелските одбранбени сили изјави дека ги прошируваат своите копнени операции во јужниот и северниот дел на Појасот Газа, пренесува Би-би-си. Израел објави дека уште девет нејзини војници биле убиени во борбите во Газа, со што вкупниот број достигна 154. Земјата соопшти оти...

Во израелски воздушни напади загинаа 19 луѓе, Нетанјаху вели дека ништо нема да ги спречи до целосно уништување на Хамас

Министерството за здравство во Газа, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека во израелските воздушни напади утринава загинале најмалку 19 лица, пренесува Би-би-си. Пред доаѓањето на советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, има зголемени знаци на несогласување меѓу Израел и неговиот најблизок сојузник, САД. Неделава претседателот Џо Бајден го обвини израелското „недискриминирачко бомбардирање“ на Газа за...

Во Тел Авив имало масовни протести против Нетанјаху, но во март, а не сега

Објавата што ја анализираме манипулира така што старо видео од масовни протести во Тел Авив против премиерот Нетанјаху, претставено како да прикажува нови протести во време кога е актуелна војната во Појасот Газа. Од нападот на Хамас на 7 октомври, во Израел се одржале неколку протести, но тие се далеку од масовни, бидејќи јавноста е незадоволна што премиерот не...

Џонатан Конрикус: Мисијата е да се разбие секое упориште на Хамас што е закопано во бункери

Портпаролот на израелската војска Џонатан Конрикус го опиша раководството на Хамас во и надвор од Газа како „мртовци што шетаат“. Тој објави видео на Твитер, во кое ги опишува борбите и ситуацијата на терен, пренесува „Гардијан“. „Мисијата е едноставно да се разбие секое упориште на Хамас што е закопано под земја во бункери. Тоа го правиме бавно и педантно според...

Нетанјаху не отстапува: Ќе продолжиме додека не победиме

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху останува на ставот дека примирје нема да има сè додека не се ослободени сите израелски заложници задржани од Хамас. Со својата копнена офанзива против исламистичкиот Хамас по масакрот врз Израелците во кој загинаа повеќе од 1.400 луѓе, израелската војска го пресече Појасот Газа на два дела и сега го опколи градот Газа. „Што се однесува до...

Турција го отповика амбасадорот на Израел

Турција соопшти дека го отповикува својот амбасадор во Израел поради одбивањето на Израел да се согласи на прекин на огнот во Газа, пренесува Тајмс оф Израел (Times of Israel). Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека Сакир Озкан Торунлар бил отповикан „со оглед на хуманитарната трагедија во Газа предизвикана од континуираните напади на Израел против цивили и одбивањето на Израел...

ОН: Луѓето во Газа веќе не бараат леб – бараат вода

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера се спротивстави на зголемениот притисок од САД за „хуманитарна пауза“ за да се заштитат цивилите и да се дозволи поголема помош во Газа. Тој тврди дека нема да има привремен прекин на огнот додека не се ослободат 240 заложници држени од Хамас, пренесува Асошиејтед Прес. Американскиот државен секретар Антони Блинкен го оствари своето трето патување...

Израелските сили го прошируваат нападот врз Газа, погодени 600 цели во изминатото деноноќие

Израелските воздухопловни сили соопштија дека погодиле 600 цели во изминатото деноноќие, додека израелските одбранбени сили го прошируваат нападот врз Газа, пренесе „Гардијан“. Една од целите бил реонот околу универзитетот Ал-Азхар, од каде било најавено дека ќе се лансира противтенковска ракета. Израелските сили, исто така, нападнале цели во Сирија и Либан, како одговор на лансирањето од тие области во Израел, соопштија...

Седум години стара фотографија од Сирија, прикажана како сегашна од Газа

Фотографијата споделена во објава на Фејсбук, а на која се прикажани починати деца, нема никаква врска со Израел. Оваа фотографија циркулира на интернет најмалку од август 2013 година и таа е поврзана со граѓанската војна во Сирија. Според тогашните медиумски написи, децата починале како резултат на труење со отровен гас. Споделената фотографија може да се најде во архивата на...

Над 700 убиени луѓе во Газа за еден ден

Откако започната контраофанзивата на Израел по нападот на Хамас, има над 5.700 убиени и над 17.000 повредени во Газа. Седумстотини од жртвите биле убиени во последните 24 часа, известува Асошиејтед прес. Забележан е и воздушен напад на камп за бегалци во Газа. Околу 1.500 луѓе се пријавени како исчезнати - се претпоставува дека најголем дел од нив се заглавени или...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...