понеделник, 8 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Бенјамин Нетанјаху | 83 резултати

Бајден: Чекаме на Хамас за финализирање на договорот за примирје

март 6, 2024

Неофицијалниот рок за финализирање на договорот за примирје меѓу Израел и Хамас се наближува, а преговорите не одат глатко. Претседателот на САД, Џо Бајден, изјави оти топката е кај движењето Хамас, кое се очекува да донесе одлука до понеделник, почетокот на Рамазан, пренесува Гардијан. Од Хамас, пак, велат дека топката е на израелската и американската […]

Камала Харис апелира за итно примирје во Газа, го критикува Израел за негување „хуманитарна катастрофа“

март 5, 2024

Потпретседателка на САД Камала Харис апелираше за итно примирје во Газа и притоа излезе со една од најострите критики за Израел досега изјавена од политички лидер во САД, пренесува Гардијан. Харис го критикуваше Израел што не оневозможува да се достави хуманитарна помош во Газа. „Израелската влада мора да делува повеќе за да се зголеми протокот […]

Израелски демонстранти блокираат хуманитарна помош во Газа

јануари 25, 2024

Стотици израелски демонстранти го блокираа патот на камиони кои носеле хуманитарна помош до Газа, пренесува „Тајмс оф Израел“. Некои од камионите имале египетски знамиња, а демонстранти вееле израелски знамиња и скандирале против владините мерки за внесување помош во Газа. Само девет од 114 камиони го поминале граничниот премин Керем Шалом. Некои се пренaсочиле и влегле […]

Нетанјаху го отфрли американскиот предлог за формирање палестинска држава

јануари 19, 2024

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ официјално ги информирал САД дека се противи на формирањето на палестинска држава, откако ќе заврши конфликтот во Газа, јави Би-би-си. На прес-конференција, Нетанјаху ветил дека ќе продолжи со офанзивата во Газа „до целосна победа“, уништување на Хамас и враќање на преостанатите израелски заложници, додавајќи дека тоа може да трае „уште […]

Сто дена откако Хамас го нападна Израел, Нетанјаху: Никој нема да нè сопре

јануари 14, 2024

Израел ќе ја продолжи својата војна против Хамас сè до победа и нема да биде сопрен од никого, па ниту од светскиот суд, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вчерашниот говор додека борбите во Газа се наближија до својот стоти ден. Нетанјаху говореше откако меѓународниот суд на правдата во Хаг одржа дводневни сослушувања за наводите […]

Нетанјаху: Војната против Хамас ќе продолжи уште многу месеци

декември 31, 2023

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека израелската војна против Хамас во Газа ќе продолжи „уште многу месеци“, одбивајќи ги постојаните меѓународни повици за прекин на огнот по зголемените цивилни смртни случаи, гладта и масовното раселување во опколената енклава, пренесува Асошиејтед Прес. Нетанјаху се заблагодари на администрацијата на Бајден за нејзината континуирана поддршка, вклучително и за […]

Нетанјаху одбива да преговара за иднината на Газа

декември 28, 2023

Додека Израел ја проширува и засилува својата офанзива во Газа таргетирајќи кампови за бегалци, премиерот Бенјамин Нетанјаху одбива средби и преговори во врска иднината на појасот Газа во однос на нејзиното управување, откако ќе бидат постигнати воените цели на Израел, известува Гардијан. Премиерот одбил три барања за средба од Мосад (разузнавачката агенција), Шин бет (безбедносната […]

Израел најави продолжување на тешката воена операција во Газа, Бајден повика на заштита на цивилите

декември 24, 2023

Израелската војска најави дека ќе ја продолжи операцијата во Газа, но ја нарече истата „долготрајна“ и „тешка“. Портпаролот на Израелските одбранбени сили изјави дека ги прошируваат своите копнени операции во јужниот и северниот дел на Појасот Газа, пренесува Би-би-си. Израел објави дека уште девет нејзини војници биле убиени во борбите во Газа, со што вкупниот […]

Во израелски воздушни напади загинаа 19 луѓе, Нетанјаху вели дека ништо нема да ги спречи до целосно уништување на Хамас

декември 14, 2023

Министерството за здравство во Газа, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека во израелските воздушни напади утринава загинале најмалку 19 лица, пренесува Би-би-си. Пред доаѓањето на советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, има зголемени знаци на несогласување меѓу Израел и неговиот најблизок сојузник, САД. Неделава претседателот Џо Бајден го обвини израелското […]

Во Тел Авив имало масовни протести против Нетанјаху, но во март, а не сега

ноември 13, 2023

Објавата што ја анализираме манипулира така што старо видео од масовни протести во Тел Авив против премиерот Нетанјаху, претставено како да прикажува нови протести во време кога е актуелна војната во Појасот Газа. Од нападот на Хамас на 7 октомври, во Израел се одржале неколку протести, но тие се далеку од масовни, бидејќи јавноста е […]

Џонатан Конрикус: Мисијата е да се разбие секое упориште на Хамас што е закопано во бункери

ноември 8, 2023

Портпаролот на израелската војска Џонатан Конрикус го опиша раководството на Хамас во и надвор од Газа како „мртовци што шетаат“. Тој објави видео на Твитер, во кое ги опишува борбите и ситуацијата на терен, пренесува „Гардијан“. „Мисијата е едноставно да се разбие секое упориште на Хамас што е закопано под земја во бункери. Тоа го […]

Нетанјаху не отстапува: Ќе продолжиме додека не победиме

ноември 7, 2023

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху останува на ставот дека примирје нема да има сè додека не се ослободени сите израелски заложници задржани од Хамас. Со својата копнена офанзива против исламистичкиот Хамас по масакрот врз Израелците во кој загинаа повеќе од 1.400 луѓе, израелската војска го пресече Појасот Газа на два дела и сега го опколи […]

Турција го отповика амбасадорот на Израел

ноември 4, 2023

Турција соопшти дека го отповикува својот амбасадор во Израел поради одбивањето на Израел да се согласи на прекин на огнот во Газа, пренесува Тајмс оф Израел (Times of Israel). Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека Сакир Озкан Торунлар бил отповикан „со оглед на хуманитарната трагедија во Газа предизвикана од континуираните напади на Израел против […]

ОН: Луѓето во Газа веќе не бараат леб – бараат вода

ноември 4, 2023

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера се спротивстави на зголемениот притисок од САД за „хуманитарна пауза“ за да се заштитат цивилите и да се дозволи поголема помош во Газа. Тој тврди дека нема да има привремен прекин на огнот додека не се ослободат 240 заложници држени од Хамас, пренесува Асошиејтед Прес. Американскиот државен секретар Антони Блинкен […]

Израелските сили го прошируваат нападот врз Газа, погодени 600 цели во изминатото деноноќие

октомври 30, 2023

Израелските воздухопловни сили соопштија дека погодиле 600 цели во изминатото деноноќие, додека израелските одбранбени сили го прошируваат нападот врз Газа, пренесе „Гардијан“. Една од целите бил реонот околу универзитетот Ал-Азхар, од каде било најавено дека ќе се лансира противтенковска ракета. Израелските сили, исто така, нападнале цели во Сирија и Либан, како одговор на лансирањето од […]

Седум години стара фотографија од Сирија, прикажана како сегашна од Газа

октомври 28, 2023

Фотографијата споделена во објава на Фејсбук, а на која се прикажани починати деца, нема никаква врска со Израел. Оваа фотографија циркулира на интернет најмалку од август 2013 година и таа е поврзана со граѓанската војна во Сирија. Според тогашните медиумски написи, децата починале како резултат на труење со отровен гас. Споделената фотографија може да се […]

Над 700 убиени луѓе во Газа за еден ден

октомври 24, 2023

Откако започната контраофанзивата на Израел по нападот на Хамас, има над 5.700 убиени и над 17.000 повредени во Газа. Седумстотини од жртвите биле убиени во последните 24 часа, известува Асошиејтед прес. Забележан е и воздушен напад на камп за бегалци во Газа. Околу 1.500 луѓе се пријавени како исчезнати – се претпоставува дека најголем дел […]

Израел се подготвува за копнена инвазија во Газа, Нетанјаху порача: „Одиме до победа“

октомври 20, 2023

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант им соопшти на војниците собрани на границата со Газа „дека наскоро ќе ја видат палестинската енклава одвнатре“, сугерирајќи дека се приближува очекуваната копнена инвазија со цел да се уништи Хамас, пренесува Ројтерс. Израел вчера ја нападна Газа со нови воздушни напади, како одговор на нападот од 7 октомври, кога […]

Во Израел се таложи гневот против премиерот Нетанјаху – се ближи ли крајот на неговото владеење?

октомври 18, 2023

На еден израелски министер не му било дозволено да влезе во болница на влезот за посетители. Телохранителот на друг министер бил плиснат со кафе од страна на еден ожалостен маж. Трет министер, односно министерка, била нарекувана „предавничка“ и „имбецил“ кога пристигнала да ги теши семејствата евакуирани од ужасот, пишува новинската агенција „Ројтерс“. Шокот од масакрите […]

Погодена е болница во Газа: Најмалку 500 мртви, Израел негира вмешаност

октомври 17, 2023

Најмалку 500 луѓе загинале во бомбашки напад врз болница во градот Газа, соопшти палестинското Министерство за здравство, a пренесоа светските агенции. Портпаролот на министерството во изјавата тврди: „Првите проценки покажуваат дека меѓу 200 и 300 луѓе биле убиени во бомбардирањето на Баптистичката болница во градот Газа“. Министерството подоцна ја ревидира бројката на најмалку 500 загинати […]

Страна 3 од 4