fbpx

Џонатан Конрикус: Мисијата е да се разбие секое упориште на Хамас што е закопано во бункери

„Хамас го подготви бојното поле, за жал, многу добро. И тој е тотално заплеткан со тунели. Многу од нив кратки тактички тунели. Некои од нив се подолги и подлабоки и пошироки. Но, полека стигнуваме до сите нив и се постигнуваат придобивки секој ден од борбата“, рече Џонатан Конрикус, портаролот на израелската војска

-

Портпаролот на израелската војска Џонатан Конрикус го опиша раководството на Хамас во и надвор од Газа како „мртовци што шетаат“. Тој објави видео на Твитер, во кое ги опишува борбите и ситуацијата на терен, пренесува „Гардијан“.

„Мисијата е едноставно да се разбие секое упориште на Хамас што е закопано под земја во бункери. Тоа го правиме бавно и педантно според планот. Нашите достигнувања се добри, солидни. Тоа е многу предизвикувачки борбен простор. Хамас го подготви бојното поле, за жал, многу добро. И тој е тотално заплеткан со тунели. Многу од нив кратки тактички тунели. Некои од нив се подолги, подлабоки и пошироки. Но, полека стигнуваме до сите нив и се постигнуваат придобивки секој ден од борбата“, рече Конрикус.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху веќе изјави дека израелските одбранбени сили го опколуваат градот Газа и дејствуваат во него.Тој кажа дека нема да има прекин на огнот додека не бидат ослободени заложниците и ги повика луѓето во Газа да се преселат на југ „затоа што Израел нема да запре“.

САД, пак, сметаат дека Израел не треба повторно да ја окупира Газа. Портпаролот за национална безбедност Џон Кирби во вторникот кажа дека Хамас „не може да биде дел од равенката за тоа кој ќе управува со Газа“.

Во меѓувреме, Ејлон Леви, портпарол на израелската влада, денеска изјави дека според израелските бројки, остануваат само 100.000 цивили од 1,1 милион луѓе кои живеат во северниот дел на Газа. Ова се случува по повторените инструкции од Израел дека населението треба да се пресели на југ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народната банка додели награди на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството

Народната банка, на денот на монетарната независност, 26 април, ја одржа годишната свеченост за доделување на наградата на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството. Овогодинешниот победник беше Никита...