fbpx

Над 700 убиени луѓе во Газа за еден ден

Има повеќе од 5.700 жртви во Газа од почетокот на конфликтот, а над 43% од домовите се уништени

-

Откако започната контраофанзивата на Израел по нападот на Хамас, има над 5.700 убиени и над 17.000 повредени во Газа.

Седумстотини од жртвите биле убиени во последните 24 часа, известува Асошиејтед прес. Забележан е и воздушен напад на камп за бегалци во Газа.

Околу 1.500 луѓе се пријавени како исчезнати – се претпоставува дека најголем дел од нив се заглавени или мртви во бомбардираните руини, известуваат од Канцеларијата на Обединетите нации за координирање на хуманитарни прашања во нивниот најнов дневен извештај. Најмалку 800 од пријавените лица се деца. Според истиот извештај, во Израел има најмалку 1.000 убиени.

Околу 43 отсто од живелиштата во Газа се оштетени или уништени. До 21 октомври биле уништени 15.749 живеалиште, а 10.935 станале целосно непогодни за живеење. Околу 142.500 живеалишта претрпеле мала до умерена штета. Цели маала се уништени, како што се Беит Ханун и Беит Лахиа.

Дополнително, има над 1,4 милиони интерно раселени лица. Засолништа во кои било предвидено да се сместат 1.500-2.000 луѓе, сега прифаќаат и до 4.400 луѓе.

Болницата Шифа, најголемата во Газа, моментално згрижува 5.000 пациенти, а има капацитет за 700. Дополнително, служи како засолниште за над 45.000 интерно раселени лица. Дванесет болници и 46 здравствени установи се имаат затворено поради штетата нанесена од бомбардирањето или поради недостатокот на струја или медицинска опрема. 

Вчера стигнале вода и храна во Газа преку Египет, што се случува трет ден по ред. Но, хуманитарната помош не вклучува гориво за генератори. Ова е од особена важност бидејќи веќе 14 дена е блокирана струја во Газа од Израел, со што Газа зависи целосно од генератори за струја.

Дополнително, бројот на жртви во Западниот брег стигна до 95 откако две лице загинаа во напад од Израел. Израелските одбранбени сили нападнаа засолниште за бегалци во џамија во градот Џенин, тврдејќи дека таа била засолниште за терористи, известува Би-би-си. Според Ројтерс, бегалците биле предупредени за нападот, но не им бил кажан точен датум на нападот.

Останатите жртви на Западниот брег се последица на насилство од израелски граѓани во Западниот Брег спрема Палестинци. Би-би-си известува дека Палестинците од Западниот брег сметаат дека Израелците во Западниот брег ја „користат шансата“ да напаѓаат села додека на светот им го привлекуваат вниманието случувањата во Газа. Има само една жртва со израелско потекло на Западниот Брег.

„Борбата мора да биде без милост, но не и без правила, бидејќи демократиите ги почитуваат правилата на војната“, изјави претседателот на Франција Емануел Макрон за време на неговата посета во Израел.

Според Тајмс оф Израел, 80% од Израелците сметаат дека премиерот Бенјамин Нетанјаху треба да јавно прифати одговорност за неговите политики кои довеле до нападот на Хамас на 7 октомври.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Европска недела на имунизација: Слушајте ги научниците, а не дезинформациите

Во Градскиот парк во Скопје денеска се одбележа Европската недела на имунизација, со повици за поголема вакцинација. Евроамбасадорот Дејвид Гир рече дека повеќе од 50 години вакцините кои ги примил...