fbpx
Таг: автомобили

таг: автомобили

Порталб: Метеж на Попова Шапка, дали жичарницата од Тетово е решение за проблемот?

Бројни автомобили и граѓани од земјава и регионот изминатиот викенд го блокираа патот Тетово - Попова Шапка. Се створи колона возила од околу седум километри, од селото Лисец до туристичката атракција, која за жал е запоставена и од централните и од локалните власти. Решението за сообраќајниот хаос граѓаните го гледаат во враќање на жичарницата Тетово-Попова Шапка, која работеше од...

Анализа на „Порталб.мк“: Возен парк на општините – од скромност до луксуз!

Од луксуз – до скромност. Различни видови на возила, автомобили, камиони, комбиња и автобуси се заведени во Регистарот на возила што е објавен од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата. „Порталб.мк“ повикувајќи се на официјалните податоци од овој регистар објавува детали за возниот парк на поатрактивните општини во земјава. Интересно е дека во регистерот нема податоци за возниот парк...

Ковидот лани ја намали потрошувачката на дизел кај возилата, потребата од мерки против нечистиот воздух останува [инфографик]

Заедно со заладувањето на времето и порастот на деновите со загаден воздух во македонските градови, повторно се отвора прашањето за изворите на емисии на штетни гасови кои го создаваат овој проблем. И најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека патниот сообраќај е најголем консумент на нафтените деривати во земјава, особено на дизелот, при што само за деценија...

Цените на половните возила во земјава растат поради недостатокот на чипови и полуспроводници

Недостатокот на компјутерски чипови и полуспроводници во меѓународни рамки доведе до проблеми во автомобилскиот сектор на глобалноо ниво. Проблеми кои што веќе почнуваат да се чувствуваат и во земјава. Најавите дека недостатокот на чипови ќе потрае до втората половина од 2022 година, доведе до тоа во Велика Британија продажбата на возила во септември да опадне за 34,4 отсто, односно...

Електричните и хибридните автомобили во Европа првпат попродавани од дизелите

Електричните возила и плаг-ин хибридите во август во Европа биле попродавани од возилата со дизел мотори и ова е првпат во историјата на Стариот континент, соопшти аналитичката компанија JATO Dynamics. Од компанијата велат оти ваквите промени говорат дека полека се менуваат сфаќањата на Европејците. „Иако промоциите и субвенциите одиграа значителна улога во зголемувањето на побарувачката, гледаме коренита промена во купувачките навики...

Европската недела на мобилност ја “пречекавме” со милион патници помалку во јавниот превоз

Активности за одбележување на Европската недела на мобилност деновиве се редат во Скопје, но заедно со нив и поразителните податоци за тоа колку навистина граѓаните ја практикуваат одржливата урбана мобилност во своите секојдневни патувања. Според последните податоци на ЈСП-Скопје, јавниот превоз во главниот град во првото полугодие од годинава успеал да превезе речиси милион патници помалку во споредба со периодот...

Бројот на возила лани го премина прагот од 500.000, просечната старост на колите рекордни 19,4 години [инфографик]

Продолжува да расте бројот на регистрирани возила во патничкиот транспорт во земјава, а заедно со нив и просечната старост, која е особено загрижувачка кај автомобилите. Во 2020 година, земјава за првпат во својата историја забележа над половина милион регистрирани патнички моторни и приклучни возила, односно вкупно 500.633 автомобили, автобуси, камиони, мотори, трактори и други моторни возила. Во Македонија лани...

Наместо да опаѓа, проблемот со недостиг на паркинг места во Скопје расте [инфографик]

Недостигот на паркинг места во Скопје станува хроничен проблем. Бројот на автомобили на скопските улици од година во година расте, а ваквиот тренд не доведува и до отворање на доволно нови локации за паркирање на овие превозни средства. Статистичките податоци покажуваат дека градските власти не можат да постигнат во отворањето на дополнителни паркиралишта, кои би биле доволни за сместување...

Активистите бараат добро да се промисли проширувањето на улицата Цветан Димов во Чаир

Новите коловозни ленти за автомобилите и за идниот БРТ во Скопје кои ги предвидуваат градските власти би можело да претставуваат „вистински пекол“ за пешаците и велосипедистите, предупредуваат граѓанските активисти. Од граѓанската иницијатива „На точак“ велат дека токму тоа би можело да се случи доколку се оствари најавата за проширување на улицата Цветан Димов во скопската општина Чаир со шест...

Двојно е поголем бројот на домаќинствата што поседуваат автомобил наспроти велосипед [инфографик]

Статистиката вели дека бројот на домаќинства кои имаат автомобил е повеќе од двојно поголем од оние домови во кои има барем еден велосипед. Според податоците на Државниот завод за статистика, само 30,7 отсто од македонските домаќинства поседувале велосипед во 2020 година. Оваа бројка е за 2,8 отсто помала во однос на 2019 година, а поседувањето на ова превозно средство...

И „Форд“ ќе продава само електрични автомобили во Европа

Електрично возило
Сè поголем е бројот на брендови во автомобилската индустрија кои го намалуваат производството на бензин и дизел возила и најавуваат префрлување кон производство само на електрични и хибридни возила. Производителот на автомобили „Форд“ соопшти дека до крајот на 2030 година неговата понуда на возила во Европа ќе биде составена исклучиво од целосно електрични возила. Но, пред да се префрли кон производство...

Наместо стимулирање на набавка нови возила и премин на плин на половните, државата презема спротивни мерки

Не постојат субвенции за граѓаните за набавка на електрични или хибридни возила во државниот буџет за 2021 година, средствата за субвенционирање за вградувањето на уреди за плин во старите возила се проектирани на само 210.000 евра за наредните 12 месеци, еколошките налепници за возилата не профункционираа ниту оваа зимска сезона, а не постои ниту рок кога би се вовеле...

Помалку NO2 и ПМ-2.5 честички се дишеле во Скопје во карантинот, потврдува истражувањето на ЦКП

Помалку азотен двооксид (NO2) и ПМ-2.5 честички сме дишеле во Скопје во периодот на карантин од 18 март до 26 мај во споредба со истиот период од 2019 година, покажува истражувањето за влијанието на сообраќајот врз загадувањето на воздухот во Скопје спроведено од експертскиот тим предводен проф. д-р Дејан Мираковски, проректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Центарот...

По скратена постапка, во Собрание помина законот за намалени давачки за регистрација на странски возила

Собранието на РСМ вчеравечер по скратена постапка го усвои Законот за регистрација на возила со странски регистарски таблички. Со овој закон, сите возила кои влегле во земјава до 1 октомври 2020 година со странски регистарски таблички, ќе може во рок од една година да се регистрираат со намалени давачки од 50 отсто од утврдената вредност на сите давачки кои...

Хонда нема да продава бензин и дизел-возила во Европа после 2022 година

Honda Хонда
Јапонскиот производител на автомобили „Хонда“ (Honda Motor Company) има за цел да ги исфрли од продажба моторите со внатрешно согорување од Европа до крајот на 2022 година, потврди потпретседателот на компанијата, Јан Хауелс. „Хонда“ уште минатата година соопшти дека започнува со електрификација на возилата, со што најави дека ги остава бензин и дизел – моторите во минатото. Овие возила јапонската...

Еколозите негодуваат, Владата вели намалените давачки за регистрација на возила нема да влијаат на аерозагадувањето

Бурни реакции од еколозите предизвика вчерашната владина седница, на која беше утврден текстот на Предлог-законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици, со кој целта е да се регистрираат возилата со странски таблици со намалени давачки до 50 отсто од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз на возила од страна на надлежните државни органи. Од...

За субвенции за вградување плин во возилата догодина би се одвоиле само 210.000 евра

Просечната старост на автомобилите во земјава постојано расте, бројот на увезени половни возила во континуитет се зголемува, а за влијанието на транспортот во аерозагадување во градовите често критикуваат еколошките здруженија и граѓанските иницијативи. И покрај сето ова, Министерството за економија за наредната година предвидува да одвои само 13 милиони денари (околу 210.000 евра) за субвенции за вградување на уред...

Увозот на половни возила опаднал за 42 отсто, Царината вели ќе се намали аерозагадувањето

Царинската управа на РСМ информира дека увозот на употребувани моторни возила во државата во првите 9 месеци е значително намален. Ако лани во овој период биле увезени над 26.000 половни патнички возила, во периодот на оваа година се увезени околу 11.000 возила, што претставува намалување од 42 отсто. „Падот на увозот на половни возила во најголем дел е резултат од...

Увозот на половни возила не запира: ООН потврдува дека се значаен извор на аерозагадување [инфографик]

Првиот глобален Извештај за влијанието на половните возила врз животната средина „Половни возила и животната средина“ на Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП) дава загрижувачки податоци за извозот на автомобилскиот крш во неразвиените земји и земјите во развој, меѓу кои е и Северна Македонија. Дури 14 милиони половни возила биле извезени низ светот во периодот од 2015...

Општините за три години потрошиле два милиони евра за набавка на возила

Во периодот од 2017 до 2019 година, општините потрошиле вкупно околу 2 милиони евра или 140 милиони денари за набавка на моторни возила и камиони, покажува новото истражување на Центарот за економски анализи (ЦЕА). Дури 85 отсто од потрошените средства биле за набавка на моторни возила, а само 15 отсто за набавка на камиони. „За оваа намена пари потрошиле 53 од...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...