fbpx
Таг: авионска несреќа

таг: авионска несреќа

Потврдена смртта на 23 лица во авионската несреќа во Непал

Дваесет и три лица ззагинааа при откако авион се урна поради лошото време во Непал, соопшти полицијата. Авионот, сопственост на приватната компанија „Тара ер“ летал од Похара, јужно од главниот Катманду, кон Џомсом, во моментот кога изгубил контакт со контролата за летање. - Авионот се распаднал и нема преживеани – рече полицискиот претставник Бишвараџ Кадка. Претставниците велат дека густа магла го обвила...

Воен авион се урна на куќа во Индонезија, тројца загинати

Индонезискиот воен пилот и два цивили загинаа кога лесен борбен авион се урна на куќа на островот Јава. Командантот на индонезиското воздухопловство, Агус Суприатна, изјави дека пилотот и механичарот, кој бил во авионот, скокнале пред авионот да падне. Механичарот се води како исчезнат, додека телото на пилотот е пронајдено на поле околу осум километри од местото каде што е пронајден...

Воен авион падна во Египет

Египетската војска соопшти дека нејзин ловец „ф-16“ паднал за време на воени вежби, на локација која не се наведува, при што загинал целиот екипаж. Во соопштението не се наведува колку лица загинале, ниту дополнителни детали за несреќата. Портпаролот на египетската војска, Мохамед Самир, на новинарско прашање за падот на „ф-16“ рече дека деталите се важни само за војската.

Индонезија: Падот на „ербасот“ е предизвикан од механички дефект

Минатогодишната авионска несреќа, во која авион на „Ер Азија“ во декември се урна во Јаванско Море во Индонезија, при што загинаа 162 лица, во најголема мера е последица на механички дефект на управувачкиот систем на „ербас A320-200“, соопштија денеска индонезиските истражители во завршниот извештај. Поради повеќекратните проблеми со управувачкиот систем, пилотите, во особено лоши временски услови, го исклучиле автоматскиот пилот за да...

Во странство ќе се анализира снимката од рускиот авион

Египетскиот министер за авиосообраќај, Хосам Камал, денеска изјави дека во странство ќе бидат анализирани последните секунди од снимката од пилотската кабина на рускиот патнички авион, кој на 31 октомври се урна на Синај. - Снимката треба да биде анализирана со користење технологија каква што не постои во повеќето земји – рече Камал. Во истрагата за падот на авионот, во кој загинаа...

Во Санкт Петерсбург погреб на жртвите од авионската несреќа во Египет

Во Санкт Петерсбург денеска ќе бидат погребани жртвите од авионот „ербас А321“ на руската авиокомпанија „Когалимавиа“, кој се урна во египетскиот дел на Синај. Камбаните на црквата „Исакијевски собир“ ќе се огласат 224 пати во чест за 217 патници и седумте членови на екипажот кои загинаа пред девет дена на враќање од летувањето во екипетски Шарм ел Шеик. Од црквата информираат дека...

Продолжува потрагата на Синај

Руските спасувачи пребарале подрачје со површина од 40 квадратни километри на местото на падот на авионот „ербас А321“ во Египет, соопшти руското министерство за вонредни работи. Спасувачите нашле лични предмети и документи на патници, а потрагата продолжува и денеска. Во меѓувреме, британските истражувачи велат дека причина за падот на рускиот авион во Египет е бомба, која била поставена во делот на...

Првите заклучоци за падот на рускиот авион за неколку месеци

Тимот што го истражува падот на рускиот авион во Египет, ќе испита дали во авионот имало експлозивен материјал, а првите резултати се очекуваат за неколку месеци, рече Александар Нерадко, шеф на руската агенција за авијација „Росавијација“. Авион на руската компанија „Когалимавија“, „ербас А321“ се урна на 31 октомври во Египет, при што загинаа сите 224 патници и членови на екипажот. Рускиот премиер...

Путин: Авионската несреќа е голема трагедија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека авионската несреќа во која загинаа 224 лица е голема трагедија. - Би сакал уште еднаш да изразам сочувство на семејствата и на роднините на жртвите. Тоа е голема трагедија. Ние со нашите срца и души сме со вас – рече Путин на состанокот со рускиот министер за транспорт, Максим Соколов, кој е на чело...

Индонезија: Пронајдени се телата за загинатите во авионската несреќа

Откриени се телата 54 лица кои загина во авионската несреќа која пред два дена се случи во планински регион на Индонезија. Портпаролот на индонезиското Министерството за транспорт на Индонезија соопшти дека нема преживеани. Во авионот имало 49 патници, меѓу кои пет деца, како и пет членови на екипажот. Авионот летал од Џакарта за индонезискиот град Оксибил, а исчезнал од...

Членови на семејството на Бин Ладен загинале во авионска несреќа во Британија

Членови на семејството на Осама бин Ладен биле во авионот кој вчера попладне се урна во Хемшир, Велика Британија, соопштиле од амбасадата на Саудиска Арабија во Лондон, јавува „Би-Би-Си“. Приватниот авион се урна во близина на аеродромот „Блекбуш“, а во несреќата загинаа пилотот и сите тројца патници. Во изјава, објавена на „Твитер“, саудискиот амбасадор во Велика Британија, принцот Мохамед бин Наваф...

Холивудскиот композитор Џејмс Хорнер загина во авионска несреќа

Холивудскиот композитор и автор на музиката за филмскиот хит „Титаник“, Џемјс Хорнер, загинал во авионска несреќа, што се случила вчера во Калифорнија, пренесуваат светските медиуми. Тој имаше 61 година. Според медиумите, Хорнер, кој бил обучен пилот, бил сам во мал приватен авион кој, од засега непознати причини, се срушил северно од Санта Барбара. Композиторот, кој е двоен добитник на престижниот „Оскар“,...

Два авиона се судрија над Јадранско Море

Едно лице загина, а едно е повредено при судир на два акробатски авиони едноседи, во близина на италијанскиот брег на Јадранско Море. Двете летала паднале во вода, при што едниот пилот загинал, а другиот е повреден, соопштија италијанските власти. Трагедијата се случила над плажа која била преполна, па многумина ја забележале несреќата со своите камери. Телевизијата „Скај ТГ24“ прикажа снимка на која се...

Лубиц вежбал како да го урне авионот на „Џерманвингс“

Андреас Лубиц, копилотот осомничен дека намерно го урна авионот на „Џерманвингс“ и така уби 150 лица, на претходниот лет вежбал како да урне авион. Германскиот весник „Билд“, наведувајќи извор близок до француската агенција БЕА кој го истражува случајот, пишува дека Лубиц истиот ден кога се случила несреќата, вежбал како да урне авион, контролирано спуштајќи го без причина. Лубиц страдал од тешка депресија,...

Одржана комеморација за жртвите во несреќата на „Џерманвингс“

Околу 1.400 луѓе, меѓу нив и 500 членови на семејствата на жртвите, присуствувале на комеморацијата која во знак на сеќавање на 150 патници што ги загубија животите во авионската несреќа на „Џерманвингс“ денеска се одржа во катедралата во Келн, пренесува ХРТ. На комеморацијата, на која била одржана екуменска богослужба, присуствувале германската канцеларка, Ангела Меркел, францускиот министер во владата, Ален Видалие,...

Пронајдена втората црна кутија од кобниот лет на „Џерманвингс“

Пронајдена е втората црна кутија од „ербасот“ на „Џерманвингс“, кој минатиот вторник се урна на француските Алпи, јавуваат француските медиуми. Втората црна кутија би можела дополнително да ги расветли околностите на авионската несреќа во која загинаа 150 лица. Снимките од првата црна кутија покажале дека авионот најверојатно го урнал неговиот копилот Андреас Лубиц. Деталите од втората црна кутија се клучни за истрагата...

Шпор: Треба многу време за да се дознае вистината за „Џерманвингс“

Директорот на компанијата „Луфтханза“, Карстен Шпор, изјави дека ќе биде потребно уште многу време за да се дознае што се случило со авионот на компанијата. Шпор, кој заедно со Томас Викелман, шеф на „Џерманвингс“, ќерка-компанија на „Луфтханза“, го посети местото на трагедијата на француските Алпи, вети дека на семејствата, кои во несреќата ги изгубиле најблиските, ќе им помагаат колку што...

Два авиони на „Рајанер“ се судриле на писта во Ирска

Летовите на авиокомпанијата „Рајанер“ за Единбург и за Задар денеска доцнеа откако утринава се судрија два авиони на оваа нискобуџетна компанија, пишува „Ајриш тајмс“ на својата интернет-страница. На фотографиите што ги снимиле патници, се гледа како врвот на крилото на еден од авионите виси, а на другиот му е оштетен стабилизаторот на опашката. Ова е втор случај за шест месеци два...

На 17 април Германија ќе одржи комеморација за жртвите од несреќата на „Џерманвингс“

На 17 април Германија ќе одржи национална комеморација и помен на жртвите од авионот на германската компанија „Џерманвингс“, кој со 150 патници и членови на екипажот се урна на француските Алпи, соопштиле денеска властите на Северна Рајна Вестфалија, пренесуваат агенциите. Церемонијата ќе биде одржана во Катедралата во Келн, во западниот дел на Германија, од каде потекнуваат најголем број од жртвите,...

„Луфтханза“: Нема безбедносни мерки кои можеа да ја спречат трагедијава

Директорот на „Луфтханза“, Карстен Шпор, изјави дека ни во најлошите соништа не можеле да замислат дека таква трагедија ќе се случи во нивната компанија. Тој додаде дека нема никакви индикации што би можел да биде мотивот на копилотот за намерно да го урне авионот со 150 патници. - Нашиот персонал го избираме многу, многу внимателно. Без разлика на безбедносните прописи,...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...