fbpx

Пронајдена втората црна кутија од кобниот лет на „Џерманвингс“

-

Пронајдена е втората црна кутија од „ербасот“ на „Џерманвингс“, кој минатиот вторник се урна на француските Алпи, јавуваат француските медиуми.

Втората црна кутија би можела дополнително да ги расветли околностите на авионската несреќа во која загинаа 150 лица.

Снимките од првата црна кутија покажале дека авионот најверојатно го урнал неговиот копилот Андреас Лубиц.

Деталите од втората црна кутија се клучни за истрагата за несреќата затоа што содржат информации како што е брзината на авионот, неговата насока, но и аудиоснимка од настаните во авионот.

Германското обвинителство тврди дека Лубиц неколку дена пред несреќата на интернет пребарувал методи за самоубиство, како и информации за безбедносната врата на кокпитот. Податоците се добиени со анализа на резултатите од пребарувањата на неговиот „ајпад“ во период од 16 до 23 март.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...