fbpx

Иницијативата Шар Планина да се прогласи за национален парк остана само на хартија

-

„Шар Планина – предизвици за заштита и за зачувување на природното богатство“ е насловот на дебатата што денеска се организираше во Тетово, на која учествуваа повеќе невладини организации за Шара што поскоро да се прогласи за национален парк.

– Луѓето и институциите што се занимаваат со сеча на дрва сметаат дека со прогласувањето на Шара за национален парк ќе се оневозможи легалната сеча, но наша цел е дел од шумата да се заштити, а дел да биде оставен за користење. Mесното население не е запознаено и со добивките од прогласувањето на национален парк и нивното информирање е еден од приоритетите, бидејќи месното население на овој начин добива можност за дополнителна заработка преку одржлив туризам, одржливо користење на ресурсите – изјави Диме Мелоски од Македонското еколошко друштво.

Во Македонија повеќе од половина век не е прогласено ниту едно продрачје за национален парк. Шар Планина заслужува, конечно, да се заштити поради својата ендемичност и уникатност, сметаат учесниците на дебатата.

– Доколку дојде до прогласување на Шар Планина и од македонска страна за национален парк, заедно со делот во Косово што веќе е национален парк, ќе се создаде еден од најголемите заштитени региони во Европа – изјави Лупчо Мелоски од Македонското еколошко друштво.

Министерството за животна средина пред десетина години има покренато иницијатива Шар Планина да се прогласи за национален парк, но засега освен неколку студии, во практика од иницијативата ништо не е реализирано.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...