четврток, 12 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: Џерманвингс | 26 резултати

Лубиц во кафето на пилотот ставил диуретик

9 април 2015

Копилотот на „Џерманвингс“, 28-годишниот Андреас Лубиц, кој намерно го урнал авионот и со себе во смрт однел 149 лица, наводно во кафето на пилотот ставил диуретик за да го присили пилотот да го напушти кокпитот. Германските медиуми наведуваат дека истражителите го пребарале компјутерот на Лубиц и во него пронашле податоци што говорат дека тој пред несреќата […]

Објавена фотографија од пилотот-херој, веднаш до таа на Лубиц

7 април 2015

Британскиот весник „Дејли мејл“ ја објави првата фотографија од пилотот Патрик Сондхајмер, кој се обидел да го пречи Андреас Лубиц да го урне авионот на „Џерманвингс“ на француските Алпи и со себе да убие 149 луѓе. Единствената фотографија на која се гледа Сондхајмер (првиот од лево на фотографијата) е снимена е седиштето на „Џерманвингс“ во Келн. […]

Надлежните не знаеле за состојбата на Лубиц

5 април 2015

Германското Федерално биро за воздухопловство соопшти дека немале претходни сознанија дека копилотот на авионот на „Џерманвингс“, Андреас Лубиц, се борел со тешка депресија, пред катастрофата на француските Алпи, во која загинаа 150 луѓе. Од Федералното биро, за весникот „Велт ам сонтаг“, навеле дека првпат слушнале за менталните проблеми на Лубиц кога добиле пристап во неговото […]

Авион на „Џерманвингс“ непланирано слетал во Венеција

4 април 2015

Авион на германската авиокомпанија „Џерманвингс“ бил принуден да слета во Венеција бидејќи на еден од патниците и на еден член на екипажот одеднаш им се слошило. Авионот на летот 03882 од Хановер до Рим бил пренасочен на аеродромот „Марко Поло“ во Венеција, каде на патниците им било кажано да почекаат во чекалницата на терминалот за […]

Втората црна кутија потврди дека Лубиц намерно го урнал авионот

3 април 2015

Втората црна кутија на „ербасот“ на „Џерманвингс“, кој минатата недела падна на француските Алпи, потврди дека копилотот Андреас Лубиц намерно го урнал авионот, со што со себе во смрт однел уште 149 лица, потврди француското Биро за истраги и анализи за безбедност во цивилната авијација (БЕА). Во извештајот на БЕА се наведува дека копилотот користел […]

Пронајдена втората црна кутија од кобниот лет на „Џерманвингс“

2 април 2015

Пронајдена е втората црна кутија од „ербасот“ на „Џерманвингс“, кој минатиот вторник се урна на француските Алпи, јавуваат француските медиуми. Втората црна кутија би можела дополнително да ги расветли околностите на авионската несреќа во која загинаа 150 лица. Снимките од првата црна кутија покажале дека авионот најверојатно го урнал неговиот копилот Андреас Лубиц. Деталите од […]

Во „Џерманвингс“ не знаеле за депресијата на Лубиц, а во „Луфтханза“ знаеле

2 април 2015

Авионската компанија „Џерманвингс“ денеска соопшти дека не знаела оти нејзиниот копилот Андреас Лубиц, за кој се сомнева дека намерно го урнал авионот со 150 лица, имал депресија за време на обуката за летање. Германската авиокомпанија „Луфтханза“, сопственичка на „Џерманвингс“, во вторникот потврди дека пред шест години знаеле дека Лубиц имал депресивна епизода пред да ја […]

Шпор: Треба многу време за да се дознае вистината за „Џерманвингс“

1 април 2015

Директорот на компанијата „Луфтханза“, Карстен Шпор, изјави дека ќе биде потребно уште многу време за да се дознае што се случило со авионот на компанијата. Шпор, кој заедно со Томас Викелман, шеф на „Џерманвингс“, ќерка-компанија на „Луфтханза“, го посети местото на трагедијата на француските Алпи, вети дека на семејствата, кои во несреќата ги изгубиле најблиските, […]

Објавена снимка од обуката на пилотот-самоубиец Лубиц

30 март 2015

Видеозапис на кој Андреас Лубиц учи да пилотира со едрилица вчера се појави на интернет. На снимката се гледа тогаш 20-годишниот Лубиц како насмеан управува со едрилица на Германија. Германскиот пилот е осомничен дека намерно ја предизвикал авионската несреќа во која загинаа 149 лица. Како што пишува британскиот весник „Мирор“, семејството на пилотот Патрик Зонденхајмер го нападна […]

На 17 април Германија ќе одржи комеморација за жртвите од несреќата на „Џерманвингс“

28 март 2015

На 17 април Германија ќе одржи национална комеморација и помен на жртвите од авионот на германската компанија „Џерманвингс“, кој со 150 патници и членови на екипажот се урна на француските Алпи, соопштиле денеска властите на Северна Рајна Вестфалија, пренесуваат агенциите. Церемонијата ќе биде одржана во Катедралата во Келн, во западниот дел на Германија, од каде […]

Пет авионски несреќи последица на пилотски самоубиства

27 март 2015

Капетанот Андреас Лубиц, за кој се претпоставува дека намерно го урнал авионот на „Џерманингс“ на француските Алпи, убивајќи се себеси и уште 149 лица, не е единствениот пилот што направил таков злостор. Американската телевизија „Ен-Би-Си њуз“ наведува дека во авионската историја постојат уште неколку такви случаи кога пилотот, сакајќи да се самоубие, во смрт ги однел […]

Нови правила – во кокпитот постојано ќе има два пилота

27 март 2015

Уривањето на авионот на „Џерманвингс“ ги натера менаџментите на европските авиокомпании да воведат нови безбедносни правила за да се зголеми заштитата на патниците и на екипажот. Први авиокомпании кои утринава почна да ги применуваат новите кабински правила се норвешката нискобуџетна „Норвежиан ер шатл“, „Ер Канада“, „Еизиџет“ и „Ер Берлин“, во согласност со кои во кабината мора […]

Еден отсто од авионските несреќи се последица на самоубиства на пилотите

27 март 2015

Копилотот на „Џерманвингс“, Андреас Лубиц, за кој се сомнева дека намерно се заклучил во кокпитот и го урнал авионот, убивајќи се себеси и сите патници во леталото, наводно минувал низ „емоционална криза“. Тој, како што јавуваат германските медиуми, пред неколку недели ја раскинал свршувачката со својата девојка, со која следната година требало да се ожени. […]

„Луфтханза“: Нема безбедносни мерки кои можеа да ја спречат трагедијава

26 март 2015

Директорот на „Луфтханза“, Карстен Шпор, изјави дека ни во најлошите соништа не можеле да замислат дека таква трагедија ќе се случи во нивната компанија. Тој додаде дека нема никакви индикации што би можел да биде мотивот на копилотот за намерно да го урне авионот со 150 патници. – Нашиот персонал го избираме многу, многу внимателно. […]

Копилотот намерно го урнал авионот и убил 150 лица

26 март 2015

Копилотот на „Џерманвингс“ веројатно намерно го урнал авионот, убивајќи ги сите 150 патници во леталото. Копилотот не му дозволил на капетанот да влезе во кабината за „намерно да го уништи“ авионот, соопшти францускиот обвинител на прес-конференција. Копилотот на „Џерманвингс“ е идентификуван како Андреас Лубиц. Капетанот бил на возраст од 30 до 40 години, искусен, со 10.000 часови […]

Пилотска расправија е можна причина за падот на авионот

26 март 2015

Теоријата за механички дефект како причина за падот на авионот на „Џерманвингс“ на француските Алпи е отфрлена по анализата на податоците од црната кутија, кои укажуваат дека причина за падот е несоодветното однесување на пилотот во текот на летот. Како што пишува британскиот весник „Мирор“, пилотите пред несреќата се скарале. Еден од нив ја напуштил кабината, […]

Еден од пилотите не бил во кабината за време на несреќата

26 март 2015

Еден од двајцата пилоти на авионот „ербас А320“ на германската компанија „Џерманвингс“, кој во вторникот се урна над француските Алпи со 150 патници, ја напуштил пилотската кабина и не можел да се врати за време на несреќата, јавува агенцијата „Франс прес“. Повикувајќи се на извори блиски до истрагата за падот на авионот и врз основа […]

„Луфтханза“ тврди дека авионот бил исправен, а падот е необјаснив

25 март 2015

Директорот на „Луфтханза“, Карстен Шпор, денеска изјави дека авионот што вчера се урна бил технички беспрекорен, а несреќата ја опиша како необјаснива. – За нас тоа е необјасниво. Авионот бил исправен, а двајцата пилоти искусни – рече Шпор на аеродромот во Франкфурт. Поради несреќата, откажани се повеќе летови на „Џерманвингс“, пред сè, затоа што пилотите и членовите […]

„Џерманвингс“ откажа 30 летови низ Европа

25 март 2015

„Џерманвингс“ откажа околу 30 летови во Европа откако авион на оваа компанија, со 150 патници, вчера се урна над француските Алпи, соопштија од „Луфтханза“. Како што јавува германскиот весник „Билд“, персоналот на нискобуџетната компанија, која е филијала на „Луфтханза“, од лични причини не се појавил на работа. Од компанијата соопштија дека персоналот не се чувствувал подготвен […]

Продолжува потрагата по остатоците од авионот на „Џерманвингс“

25 март 2015

Рано изутринава продолжи потрагата по остатоците од авионот „ербас А320“ на германската авиокомпанија „Џерманвингс“, кој вчера се урна на француските Алпи. Француските власти соопштија дека поради непристапноста на теренот, ќе им бидат потребни неколку дена за да ги пронајдат телата. – Црната кутија, која вчера е пронајдена, би требало да открие повеќе детали за падот […]

Страна 1 од 2