fbpx

Шпор: Треба многу време за да се дознае вистината за „Џерманвингс“

-

Директорот на компанијата „Луфтханза“, Карстен Шпор, изјави дека ќе биде потребно уште многу време за да се дознае што се случило со авионот на компанијата.

Шпор, кој заедно со Томас Викелман, шеф на „Џерманвингс“, ќерка-компанија на „Луфтханза“, го посети местото на трагедијата на француските Алпи, вети дека на семејствата, кои во несреќата ги изгубиле најблиските, ќе им помагаат колку што можат.

– Сите во „Луфтхаза знаат колку беше ова тешка работа… Многу сме ви благодарни – рече Шпор, заблагодарувајќи им се на работниците на местото на несреќата и на локалното население.

Авионот „Џерманвингс“ со 144 патници и со шест членови на екипажот се урна пред една недела на Алпите во Франција.

Истрагата покажала дека копилотот Андреас Лубиц, кој боледувал од депресија и имал самоубиствени мисли, намерно го урнал авионот и со себе во смрт однел уште 149 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Горан Стефановски фото: Општина центар

УКИМ ќе основа Фондација „Горан Стефановски“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) соопшти дека денеска донел одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“. Одлуката ја донел Сенатот на УКИМ, во очи роденденот на...