fbpx

Во „Џерманвингс“ не знаеле за депресијата на Лубиц, а во „Луфтханза“ знаеле

-

Авионската компанија „Џерманвингс“ денеска соопшти дека не знаела оти нејзиниот копилот Андреас Лубиц, за кој се сомнева дека намерно го урнал авионот со 150 лица, имал депресија за време на обуката за летање.

Германската авиокомпанија „Луфтханза“, сопственичка на „Џерманвингс“, во вторникот потврди дека пред шест години знаеле дека Лубиц имал депресивна епизода пред да ја заврши обука во нивното школо за летање, но оти оттогаш ги минал сите нивни здравствени проверки.

„Луфтханза“ соопшти дека Лубиц ѝ пријавил на летачката школа во 2009 година оти има депресија, поради која кратко е прекината обуката.

Портпаролката на „Џерманвингс“, компанијата во која Лубиц почнал да работи во септември 2013 година, изјави дека не знаеле за таа депресивна епизода за која знаеле во „Луфтханза“.

Истражувачите веруваат дека Лубиц за време на летот од Барселона во Дизелдорф се заклучил во кабината и намерно го урнал авионот на француските Алпи, убивајќи се себеси и останатите 149 лица во авионот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...