среда, 20 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: депресија | 27 резултати

Со пандемијата не исчезнаа менталните болести кај младите

ноември 15, 2023

Проблемите и нарушувањата со менталното здравје беа вообичаени меѓу младите луѓе во екот на пандемијата со ковид-19, но нова студија покажува дека со завршувањето на пандемијата не се решиле во целост проблемите. Имено, бројот на амбулантски и болнички третмани минатата година бил помал отколку во екот на коронавирусот, но сепак бројката е повисока отколку пред […]

Анкета: Секој четврти човек во Германија се чувствува длабоко осамен

ноември 8, 2023

Секој четврти граѓанин на Германија чувствува длабока осаменост, а многу почесто е ова изразено кај депресивните личности, наведува истражување што беше објавено во вторникот, пренесува германската новинска агенција ДПА. Кај личностите кои според сопствени зборови се депресивни, уделот на длабоката осаменост е дури 53 отсто, покажува анкетата на овогодинешниот германски Барометар на депресија. Субјективното чувство […]

Новинарката Вудсом: Занемарувањето на менталното здравје има последици врз работата, семејството и секојдневието

октомври 30, 2023

Кејт Вудсом, писателка, продуцентка, режисерка и новинарка која покрива теми за менталното здравје за „Тhe Washington Post Opinions” истакнува дека последиците од занемарувањето на менталното здравје се рефлектираат во секојдневниот живот, продуктивноста на работа и во семејните односи. Антидепресивите можат да помогнат, но не се решение за лекување на менталните здравствени проблеми. Таа им порачува […]

Дискусии за младите и менталното здравје во повеќе градови во државата

октомври 13, 2023

УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика, со посета на повеќе градови во земјата ќе отворат дискусија со децата и младите за менталното здравје за да се намали стигмата поврзана со менталното здравје. Караванот започнува денеска од Струмица и Валандово, a во текот на следните седмици ќе продолжи во Пробиштип, Кратово, Штип, Кочани, Тетово, […]

Секое трето девојче на 15 години во земјава изјавило дека е осамено

октомври 10, 2023

Чести нерасположенија речиси секојдневно, во последните шест месеци, пријавиле дури 57 проценти од девојчињата на 15 години во Македонија, а од психосоматски тегоби повеќе пати неделно (главоболки, вознемиреност, раздразливост, проблеми со спиењето и концентрацијата) пријавиле дека страдаат шест од десет девојчиња на 15 години. Ова се вели во студијата „Однесување поврзано со здравјето кај деца […]

Светски ден на ментално здравје: „Има денови кога најголем напор ми е да ја измијам косата“

октомври 10, 2023

Да се има анксиозност и депресија е како да се биде исплашен и изморен во исто време. Да ти е страв од неуспех, но да го немаш нагонот да бидеш продуктивен. Да сакаш пријатели, ама да не сакаш да се социјализираш. Да сакаш да си сам, а да не сакаш да си осамен. Да се […]

Д-р Арсова за масакрот во Белград: Средбите со оружје на детето му ги развиле мислите за убивање

мај 6, 2023

Со седумнаесет жртви и десетици повредени како последица на два масакра се соочи Србија за само 48 часа, откако во средата седмоодделенец во Врачар уби осум свои соученици и чуварот во училиштето, а ден подоцна, 21-годишно момче во Младеновац уби осум луѓе и повреди 14. Она што за овие простори било непознаница, со овие два […]

Секој трет адолесцент има депресија, младите се борат во тишина поради стигмата

мај 3, 2023

Секој трет адолесцент изјавил дека има симптоми на депресија. Многу поголема е веројатноста девојчињата да пријават симптоми на депресија во споредба со момчињата – дури шестпати повеќе. Околу 42 отсто од адолесцентите пријавиле дека доживеале умерени до сериозни симптоми на анксиозност, а пројавиле и повисок интензитет на суицидални мисли како последица на депресијата и стравот […]

Не можат да се тргнат од екраните – депресијата и анксиозноста кај младите доаѓа од злоупотребата на социјалните мрежи

април 23, 2023

„Tik Tok “ скандалот во тетовската болница уште еднаш го вклучи алармот за тоа како и за што се користат социјалните мрежи во време кога дигитализацијата се развива со брзо темпо. Најмногу загрижува тоа какви слики гледаат на оваа социјална мрежа младите и децата, кои се поранливи на последиците што може да ги донесе употребата […]

Едно од три млади лица во земјава има депресивни епизоди

април 20, 2023

Последно истражување кое се однесува на менталното здравје на младите, покажало дека едно од три млади лица во земјата има депресивни епизоди. Освен тоа, присутни меѓу младите како проблеми се и онлајн злоупотребите и булингот во училиштата. Ова беше истакнато на денешната дебата насловена како „Ментално здравје на младите и социјалните медиуми“ која се одржа […]

Дојавите ги направија анксиозни средношколците и им создадоа „дупки“ во знаењата

март 29, 2023

Послаби постигања и недостаток на знаења, пад во концентрацијата, анксиозност и стрес и кај учениците и кај наставниците. Ова се последиците врз учениците до кои доведоа лажните дојави за бомби, кои со месеци речиси секојдневно го прекинуваа образовниот процес. Изминативе неколку недели дојави нема, откако училишните раководства почнаа да го применуваат новото упатство од Министерството […]

Анкета: Половина од вработените од Генерацијата Зед се чувствуваат исцрпено барем еднаш неделно

јануари 17, 2023

Загрижувачки ментални и физички потешкотии чувствуваат редовно младите работници од Генерацијата Зед. Анкетно истражување за менталното и емоционалното здравје што вклучило над 1.000 млади професионалци покажува дека околу 53 отсто од нив рекле дека се чувствуваат исцрпено на работа барем еднаш неделно, пишува The Hill. И додека половина од младите испитаници пријавуваат ментални и емоционални […]

Пандемијата со ковид-19 има огромно влијание врз психичката состојба на младите

јули 12, 2021

Пандемијата со ковид-19 има огромно влијание врз психичката состојба на младите, која и онака е подложна на промени, а нивната психа е посебно „чувствителна“ кога се во пубертет, тинејџери или адолесценти. Проблемите посебно беа потенцирани додека тие беа затворени дома, не се дружеа со врсниците, не одеа на училиште. Во однос на тоа како ковид-кризата […]

Стресот и изолацијата од ковид-19 го зголеми чувството на безволност кај младите

јули 6, 2021

Нова студија на американскиот центар за контрола и превенција на болести, открива дека САД бележи значителен пораст на обидите за самоубиство, посебно кај тинејџерките. Во мај 2020 година почнал да расте бројот на адолесценти на возраст од 12 до 17 години кои се примени на одделот за итни интервенции поради обиди за самоубиство. Годинава пак, […]

Народна банка предвидува пад на македонската економија од 3,5 проценти, поради корона кризата

мај 5, 2020

Народната банка проектираше пад на домашниот бруто-производ БДП од 3,5 проценти, наспроти октомвриските очекувања за пораст од 3,8 проценти. „Во однос на структурата на порастот, намалување се очекува и кај домашната и кај извозната побарувачка. Во 2021 година, во услови на нормализација на економскиот амбиент, се очекува закрепнување на економијата, поддржано од сите извори на […]

Само 7 години има најмладиот пациент со депресија во Македонија

октомври 31, 2019

Се помали се децата кои имаат симптоми и знаци на депресија, односно кај кои се јавуваат депресивни манифестации, предупредуваат детските психолози и психотеравпевти. Само седум години има најмладиот пациент со кој работи психологот Катина Павлоска во Центарот за ментално здравје на деца и младинци. Во Македонија не се води точна евиденција конкретно за оваа патологија. […]

Најстариот син на Фидел Кастро изврши самоубиство

февруари 2, 2018

Фидел Кастро Дијас-Баларт, најстариот син на поранешниот кубански лидер Фидел Кастро, изврши самоубиство, соопштија утрово кубанските државни медиуми. „Докторот на науки Фидел Кастро Дијас-Баларт, кој неколку месеци беше под лекарски надзор поради тешка депресија, изврши самоубиство на 1 февруари, на 69-годишна возраст“, пренесе кубанскиот весник „Гранма“. Фидел Кастро Дијас-Баларт е роден пред Кубанската револуција, во […]

Психијатар ќе проценува дали обвинетиот во „Триста“ може да го следи судењето

ноември 27, 2017

Поранешниот помошник на министерот за внатрешни работи, Ѓоко Поповски, обвинет во случајот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство, денеска се појави на рочиште во Кривичниот суд, но тоа повторно беше одложено, на барање на неговите адвокати. Тие пред судот рекоа дека Поповски се лекува од депресија и дека е под лекарства, поради што сметаат дека не […]

Костова: Македонија е претпоследна земја во Европа според резултатите во здравството

април 7, 2017

Македонија е претпоследна земја во Европа според резултатите во здравството, а економската ситуација ги турка граѓаните во депресија. Ова произлезе како заклучок од синоќешната дебата посветена на 7 април, Светскиот ден на здравјето, организирана од комисијата за здравство на СДСМ и од форумот на жени на општинската организација на СДСМ од Кисела Вода. Членката на комисијата […]

Истражување: Младите македонски ЛГБТИ-лица сè почесто се во депресија поради хомофобијата

април 28, 2016

Младите ЛГБТИ-лица сè повеќе и почесто се изложени на депресија, покажуваат повисоко ниво на анксиозност во социјалната интеракција и почесто прикриваат важни информации за себе, за разлика од нивните хетеросексуални врсници, покажа првото истражување во Македонија на дискриминацијата, насилството, вознемирувањето и малтретирањето на младите ЛГБТИ-лица засновани на сексуална ориентација и родов идентитет. Истражувањето, кое го спроведе „Субверзивен […]

Страна 1 од 2