fbpx

Народна банка предвидува пад на македонската економија од 3,5 проценти, поради корона кризата

-

Народната банка проектираше пад на домашниот бруто-производ БДП од 3,5 проценти, наспроти октомвриските очекувања за пораст од 3,8 проценти.

„Во однос на структурата на порастот, намалување се очекува и кај домашната и кај извозната побарувачка. Во 2021 година, во услови на нормализација на економскиот амбиент, се очекува закрепнување на економијата, поддржано од сите извори на порастот. Во вакви околности на намалена глобална побарувачка и изразена неизвесност, проекциите за порастот на македонската економија се значајно променети во однос на октомври минатата година,“ се вели во соопштението.

Народна банка оценува дека ризиците од здравствената криза се уште постојат и се однесуваат на можното продолжување на корона кризата и на мерките за заштита на здравјето и во втората половина од годината. Македонската економија ќе биде погодена преку неповолното глобално окружување во целина, но како и во сите други економии, мерките за сузбивање на вирусот, исто така ќе имаат привремени неповолни ефекти.

„Евентуалната појава на втор бран на корона вирусот и повторно активирање на стратегиите за заштита, како и на промените во однесувањето на економските субјекти во поглед на нивните потрошувачки и инвестициски одлуки, би довеле до подолгорочно нарушување на синџирите на производство и побарувачката. Во 2020 година се очекува значајно намалување на глобалната побарувачка, пад на цените на примарните производи на светскиот пазар, привремено нарушување на глобалните и регионалните синџири на снабдување, промени во однесувањето на населението, затегнување на глобалните финансиски услови и аверзија кон ризик на инвеститорите,“ се додава во соопштението.

Најновите проекции предвидуваат дека шокот од Ковид-19 ќе биде краткорочен и главниот удар врз економијата ќе се почувствува во вториот квартал, а потоа се очекува постепена нормализација.Во 2020 година се очекува најголемата глобална рецесија по големата депресија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...